Sunday, November 29, 2015

Еден од најубавите водопади во Бугарија - Чипровски водопади


На 18 км од градот Чипровци, во прегратките на планината, се наоѓа најубавите природни реткости во Бугарија-Чипровски водопад. Водната каскада се спушта на 18 м видочина и создава една инспиративна слика од милиони капки, расфрлани во воздухот. 
За да се стигне до водопадот ќе мора да се пешачи околу час и половинанормално одење. Има знаци со кој ќе ви помогнат да се ориентирате за правецот на движење. Водопадот е долично место кое ќе ве натера да се инспирирате и ќе ве покори со својата природна убавина и шарм.Чипровските водопади е погодна дестинација за прошетка, пикник и запознавање на природните убавини. Во областа освен водопадите може да го посетите и Чипровскиот водопад  Св Јован Рилски. Тој е основан во 10 век и чува вредни информации  за културата и книжевноста на овој крај.На 20 км во североисточна насока од градчето пак е лоциран и Лопушанскиот манастир, кој дефинитивно вреди да се види. Познат е по своите неверојатни икосни, дело на самоковските мајстори


Saturday, November 21, 2015

Ардени

Ардени или Арденска шума низок планински венец се наоѓа во на реките Мозел и Моза. Ардените се одликуваат со предели богати со шуми. Геолошко преставува западен продолжеток на венецот Ајфел.  Венецот  се протега  претежно во Белгија и Луксембург, но навлегува во Германија и Франција . Поради своето богатство од дрво и реки, Ардените играле важна улога како добавувач на дрвен јаглен во значајниот индустриски период на Валонија XVIII и XIX век, кога таа станала второ индустриско подрачје во светот, веднаш по Англија. Поширокиот регион ја задржил индустриската важност и во XX век, кога камениот јаглен го заменил дрвениот како средство во металургијата.





Thursday, November 19, 2015

Најголемото вештачко езеро во Р.Македонија

Козјак вештачко езеро во Западна Македонија. Козјак прставува најголемото вештачко езеро во Р Македонија, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и Јасен на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко 130 м, максимално растојание од едниот до другиот брег изнесува 400м. Кон езерото водат два правци јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се пристигнува по течението на реката треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно. 
Езерото е создадено 2004 година, кога започнала хидроцентралата "Козјак" со капацитет од 150 GWh просечно гидишно производство електрична енергија.Целиот акумулациски систем бил проектиран од к,инески инженери. Капацитетот на езерото е приближно 380 000 000 м/3 (0,38 км/3) вода

Sunday, November 15, 2015

Пустина Намиб


Пустина Намиб се наоѓа во југозападна Африка. Името Намиб на нема јазикот значи огромно и навистина пустината зафаќа подрачје од околу 50.000 км/2, расположена на 1.600 км вдолж Атланскиот океан на бреговите на Намибија (Државата Намибија го добила името според самата пустина). Од исток кон запад нејзината ширина варира помеѓу 50-160 км. Ова подрачје се смета за најстарата пустина во светот. Нејзината неплодност предизвикува оштар и сув воздух кој го разладува ладната Бенгалска струја која тече вдолж бреговите. Пустината има помалку од 10 mm дожд годишно и скоро во потполност е неплодна. Оваа пустина има песочни дини кој достигнуваат височина од 340 м, кој се сметаат за најголемите песочни дини вои светот. Намиб е важна локација за ископување на Дијаманти .

Saturday, November 14, 2015

Тангањике

Езерото Тангањике е големо езеро во централна Африка. Се смета дека тоа е второ најголемо езеро на светот според количината на вода, после Бајкалското езеро во Сибир. Езерото е поделено помеѓу четири држави  Бурунди, Демократска Република Конго, Танзанија и Замбија. Најголеми притоки се реките Рузизи и Малагараси. Должината на езерото изнесува 680 а широко помеѓу 16 и 72 км. Најголема длабочина изнесува  1.436 метри, единствен одлив од езерото е реката Лукуга која се наоќа во Конго. Фауната околу езерото изобилува со голем број птици и околу 200 видови риби, а на брегот има крокодили и нилски коњи. Преви европејци кој го откриле езерото биле британците Јохн САпеке и Сер Ричард Бартон

Friday, November 13, 2015

Гвинејски залив-Географски центар на земјата

Гвинејски залив е дел од Атланскиот океан сместен југозападно од Африка. Заливот се смета за географски центар на земјата, бидејќи се наоѓа на нула степени географска ширина и должина (местото каде што се среќаваат екваторот и гриничкиот меридијан). Меѓу многуте реки кои се влеваат во Гвинејскиот залив се реките Нигер Конго, Волта и други

Thursday, November 12, 2015

На денешен 12 Ноември

На денешен ден 12 Ноември 1933 година е направен првата фотографија од чудовиштето во езерото Локнес


Wednesday, November 11, 2015

Лесковачка котлина Српско петроречје

Лесковачката котлина се наоѓа во јужна Србија во композитната долина на Јужна Морава.Оваа котлина воглавно ја зафаќа територијата на општина Лесковац, по која и го добила самото име. Лесковачката котлина уште се нарекува и српско петоречје поради тоа што низ нејзи поминуваат пет реки во Јужна М
орава Власина, Јабланица, Пуста река, Ветерница и Топлица
На југ започнува од Грделичката клисура, а завршува со Печењевачким сужењем кај местото Печењевце. Се наоѓа на просечна надморска височина од 220 м, а димензиите се од 50x40 км, односно зафаќа површина од  2.250км/2.
Котлината се наоѓа помеѓу планините Радан и Пасјача на запад, Кукавица иЧемерник на југ и Бабичком гором Селичевицом и сува планина на исток.
Низ Лесковачката котлина тече реката Јужна Морава. До изградбата на насипот, кога и е воедно регулиран токот на јужна морава, нејзините брегови трпеле чести поплави, што правела чести штети на околните полиња вдолж реката.Лесковачката котлина освен Јужна Морава поминуваат и ја сечат котлината следниве реки Јабланица, Ветреница, Власина и Козарачка река. Лесковачката котлина припаѓа на Панонскиот басен. Јужна морава припаѓа на црноморскиот речен слив,


    Tuesday, November 10, 2015

    Ѓаволски водопад- Беласица

    Ѓаволски водопад од Валандово е оддалечен 16, 5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580 м. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува за неколку пати. Поради големиот проток кој што го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад.

    Friday, November 6, 2015

    Челоица


    Планината Челоица (често нарекувана Добра вода) со највисокиот врв Добра Вода е млада верижна планина во Македонија. Оваа планина се издига помеѓу долината на мала река од исток и кичевската котлина од запад. На север започнува од Дупен камен (1857 м) со кој е одделена од Сува гора, а на југ се протега до долината на реката Треска .

    Се дели на два дела
    Северен (Познат како Челоица) со највисок врв Добра Вода 
    Јужен (Песјак) со врвот Кула ( 1917м) и Коњарник (1874м). Зафаќа вкупна површина од 396 км/2


    Tuesday, November 3, 2015

    Клисура Пешти

    Клисурата Пешти преставува клисура на реката Бабуна. Клисурата се наоѓа во јужниот излез од Велес, 5 км оддалеченост од устието на реката Бабуна во Вардар. Таа името го добила по големиот број на пештери во кои се откриени фосилни остатоци од цицачи стари 70.000 до 10.000 години пред нашата ера. Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит. На високите карпи се уште живее белоглавиот орел кој речиси е исчезнат од овие простори. Клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природењн пејсаж со голем потенцијали за развој на рекреативниот туризам

    Monday, November 2, 2015

    Рабни мориња на средоземното море и протоци

    Рабни мориња на средоземното море и протоци   ТУКА

    Sunday, November 1, 2015

    Најголемиот сателит во сончевиот систем


    Ганимед преставува месечина на Јупитер, односно сателит на Јупитер кој го добил името од митолошкиот Ганимед. Тој е најголемиот сателит во сончевиот сиситем и е поголем од Плутон и Нептун. Кружи околу Јупитер на далечина од 422.000 километри. Со минување на леталото Галилео, се покажало дека Ганимед е составен од четири слоја Мало Јадро од течно железо и сулфур, замрзната силикатна обвивка, длабок солен океан и надворешна замрзната кора.



    На денешен ден - 1 Ноември

    На денешен ден 1 Ноември во 1520 година Фердинандо Магелан го открива протокот, кој денес е познат како Магеланов  проток. 
    Магеланов проток се наоѓа меѓу Јужна Америка на север и Огнена земја на Југ










    Во 1981 година 1 Ноември Антигва и Барбуда добиваат независност од Британија. -Национален ден