Sunday, February 28, 2016

Алкобака

Манастирот Алкобака  со оргинално име Санта Марија Д'Алкобаса е еден од величенствените примери за готска архитектура во Португалија. Алкобаса се наоѓа во централните делови на северната страна од Лисабон.  Изграден е во 12 век, во 1153 -тата година од првиот португалски крал Алфонсо I, манастирот Алкобаса е навистина прекрасен , грандиозен овој културно историски споменик го одзема здивот на секој посетител, тој крие мноштво важни реликви, самиот тој е една од најголемите историски гордости на Португалците. Првото нешто кое остава впечаток, кога човек ќе го здогледа манастирот Алкобаса е неговата уникатната архитектура и фасада создадена во чист готски дизајн.




Saturday, February 27, 2016

Мазурски езера


Мазурски езера  Една од исклучително убавите природни атракции во Полска. Околу 2.000 езера во североисточна Полска на границата со Литванија и Белорусија. Повеќе од езерата се поврзани меѓу себе преку канали и реки. Околу Мазурските езера има изградено многу добра инфраструктура, голем избор на куќи за гости, кампови и семејни хотели. Туристите можат да се прошетаат на брод или да Покар тркало, обиколуваше слободно оваа одлична месност.



Friday, February 26, 2016

Најниската точка во Јужна Америка


Лагуна дел Карбон (на шпански Laguna del Carbon) е солено езеро во Патагонија во провинцијата Санта Круз, Аргентина. Тоа е најниската точка се наоѓа на 105 метри под морското ниво. Таа е 7 најниска точка на Земјата . Се наоѓа  на 54 км од грдот Пуерто Сан Хулиан. Како и во другите делови на Патагонија, тука можат да се најдат фосили од диносауруси


Friday, February 19, 2016

Патагонија

Патагонија е област во Јужна Америка која се простира од Магелановиот проток на југ до реката Рио Негро на север, на исток е ограничена со Атланскиот океан а на запад со Андите. Патагонија се простира на површона околу 800.000км/2 и се одликува со бројни фјордови, планини огромни глечери висорамнини и тревна рамница  вегетација. На  Патогинија и припаѓа архипелагот Огнена земја на југот на јужна Америка. Патагонија се простира во две државиво Чиле и Аргентина. Патагонија со својата големина е како степа, кои постепено терасесто се издигнуваат во височина до 100 м скоро без вегетација.  Во подлабоките места на рамницата се наоѓаат езера и езерца со солена и свежа вода

Monday, February 15, 2016

Најголемото езеро во Финска

Езерото Сајма се наоѓа во југоисточниот дел на Финска. Ова езеро зафаќа површина од 4.400 км/2 и преставува најголемото езеро во Финска каде се регистрирани околу 60 000 езера.
Сајма е четврто природно езеро по големина во Европа. Настанало со топењето на ледник во леденото време. Поважни населени места на бреговите се Лаперанта, Иматра, Савонлина, Микели, Јоенсу. Од езерото истекува реката Вуокса и се влева во езерото Ладога. Покрај големиот број острови и тесни канали, езерото е расцепкано на многу делови секој со свое име. Сајма има најдолга брегова линија по единица површина во светот-цели 15.000 км, а подрачјето има околу 14.000 островчиња. Езерото е поврзано со Финскиот залив преку Сајменскиот канал, кој се протега од Лапенранта до Виборг. Има и канали до други помали езера во источна Финска, образувајќи мрежа од водни патишта. По нив сообраќаат претежно товарни пловила што носат дрво, минерална, метална руда, дрвна маса за хартија и други стоки, но ставени се и во туристички цели.  Во Сајма живее загрозената сајменска фока која е ендемски подвид на прстенестата фока. Друг загрозен вид што живее само во ова езеро е зајманскиот лосос



Friday, February 5, 2016

Апалачки планини

Апалачки планини се планински венец во источнио дел на северна Америка. Овие планини се едни од најстарите планини во целиот свет. Поголемиот дел од овие планини се наоѓа во САД, но има и дел во југоисточна Канада. Вака распространета формира ланец долг 2400 километри  од островот Њуфаундленд до централниот дел на Алабама.Планинскиот систем е поделен во серии со поединечни планини со просечна висина од 900 метри.Највисок врв во овие планини е Планината Мичел кој е висок 2037 метри. Апалачките планини се прилично ниски и неистакнати..Во 1528 година додека го испитувале северниот брег на Флорида членовите од  Narváez експедицијата нашле стар индијански град преведен како  Apalachen. Целиот систем е преставен со 3 гео-целини: Северен дел, Централен и Јужен дел.