Monday, May 29, 2017

Успех на државниот натпревар по Географија

Успех на државниот натпревар по Географија кој се одржа на 5 мај 2017 година во амфитеатарот на природно математичкиот факултет во Скопје. Учениците Марија Трпеска и Гоце Лазаревски од основното училиште Мустафа Кемал Ататурк се стекнаа со две дипломи за освоена трета награда. 

Честитики и успех на учениците во нивното понатамошно образование .


Sunday, May 21, 2017

Елора пештерски храмови

Комплексот Елора се наоѓа во индиската држава Махараштра . Тука се лоцирани преку 30 храмови кои припаѓаат на три религии и тоа Хиндуистичка, Будистичка и Таоистичка. Овој редок локалитет сочувал највредни архитектонски и скулптурни дела на класичната индиска уметност од периодот од VI пр.не па се до X век од нашата ера. Денес локалитетот е под заштита на УНЕСКО.


Thursday, May 4, 2017

Поопо езеро


Последиците од глобалното загадување се повеќе се видливи a тоа го потврдува фактот дека второто по големина езеро во Боливија исчезна. Сателитските снимки направени во периодот помеѓу 1986 година и јануари 2016 година покажуваат дека езерото кое се наоѓа на висина од 3860 м на Андите, испарили за само 20 години, оставајќи зад себе исушено корито. Поопо кое се протега на 27.700 км/2 било второ по големина езеро во Боливија после Титикака. Локалното население за заштита на околината ја обвинуваат владата за исчезнувањето на езерото истакнувајќи дека е лошо управувано со водените ресурси и е игнорирано нејзиното загадување, тие сметаат дека главен виновник за исчезнувањето на езерото е државниот рудник за калај Huanuni, кој со години го фрлале отпадот во притоките на Поопо