Monday, May 9, 2022

Авантуристички висечки мост над Пчиње

Мостот
На патот од Скопје кон Велес скриен меѓу бујна вегетација, издигнат над реката Пчиња се наоѓа најавантуристичкиот пешачки мост. Мостот го спојува селото Кожле со автопатот “Пријателство". 

До овој мост може да се пристигни на два начина по автопатот Скопје -Велес или од Селото Кожле. Првиот начин е полесен оние кој не сакаа да пешачат може по автопатот да се симнат кај црквичката после селото кожле и десно по скалите да се симнат до мостот, Мостот реката и вегетацијата нудат величествена глетка одозгора. Кога ќе се доближите почнува возбудата. Мостот е изграден од дрвен под и е оптегнат на три сајли на нив се прцврстени даски, со секое ваше движење мостот се клати и дрвата крцкаат. Помалку храбрите  ќе треба да соберат храброст за да зачекорат по него, адреналинското доживување е загарантирано. 


Во непосредна близина во црквата стоеше човек кој продаваше свеќи, започнавме разговор при што ми кажа дека тој лично го изработил мосто и по него е имануван  Стојанов мост. Мостот е релативно нови и недоволно познат, лично сметам дека заслужува да се посети, да се помине од едната на другата страна на Пчиња. Во селото Кожле може да ја посетите и црквата вознесение Христово изградена во 1847 година, во чиј двор е погребан македонскиот книжевник Гане Тодоровски. А, во непосредна близина на кожле, оддалечена околу 1,6 км се наоѓа тврдината Маркови Кули, која датира од средниот век


Monday, May 2, 2022

 Осоговските Планини се втора (веднаш по Јакупица) по големина површина во нашата земја. Овие планини се простираат во источниот дел на Македонија, Според староста, Осоговските Планини претставуваат стари грамадни планини кои се одликува со заоблени врвови и планински била. Највисок врв на овие планини е Руен, со височина од 2.252 метри. Нема дилема дека Осоговските Планини имаат голем туристички потенцијал.

Целата Осоговија има одлични услови за планинарење, параглајдерство, планински велосипедизам, зимски спортови итн. Едно од најмаркантните туристички места на Осоговските планини е Пониква.

Оваа туристичка убавица е важен центар и викенд-населба на Осоговските Планини. Оддалеченоста на Пониква од Кочани е околу 20 км. Пониква се наоѓа на надморска височина од 1.560 м, во предел на густа букова шума
.
Без никаквo двоумење, Пониква претставува еден од најважните туристички рекреативни центри на Осоговските Планини и пошироко во целиот источен дел на државата. Она со што може да се пофали овој туристички локалитет е тоа дека Пониква има добро означен и асфалтиран пат и не претставува никаков проблем пристигнувањето дотука.
На самиот влез на Пониква се наоѓа мал спортски аеродром кој некогаш се користел за воени цели. Има доволно голем простор за паркирање автомобили.

Овој туристички локалитет располага со угостителски објекти - хотели, мотели, ресторани, автокампови, бунгалови, детско одморалиште и др. Целиот комплекс е изграден од природни материјали, најчесто дрво што одлично се вклопува во целиот амбиент. За љубителите на зимските спортови, на располагање се прекрасни зимски патеки и жичница. Туристичката понуда на Пониква е збогатена со присуството на игралиштата за мали спортови и ловниот резерват, кој е богат со разновиден дивеч, како и стрелиштето за глинени гулаби.
На Пониква има изграден духовен храм посветен на свети Василиј Велики. Секоја година на 14 јануари се одржува свечена литургија и се одржува собир во манастирот. Традиционално се дели лепче со паричка. Планинарите од Планинарското здружение „Осогово“- Кочани организираат марш од езерото Гратче до Пониква, по повод Православната Нова година.
Пониква е место кое е сѐ поатрактивно за голем број туристи кои бараат плацови да изградат приватни викендици, па оттука со право може да заклучиме дека секоја година
Пониква станува сѐ поголем туристички бренд во нашата земја и пошироко.





Автор на текстот и на фотографиите: професор Дарко Оносимоски

Wednesday, March 16, 2022

Знаете ли дека


Знаете ли дека вулканскиот кратер Ксико е прогласен за една од најживописните области во Мексико. Тој се формирал пред неколку илјади години по силната ерупција на Вулкан, и останал скриен со векови под водите на езерото Чалко. На почетокот на 14 век езерото почнало да се суши, а во 19 век, владата решила целосно да го исуши езерото и на негово место да ги постави фармите. Денес на територијата опкружена со прстенот од кратерот на пловната вулканска почва се наоѓаат полиња и плантажи

Дали сте знаеле дека


Знаетели ли дека едно од последните три африкански кралство Лесото е земја без излез на море, опкружена е со Јар. Лесото е единствената независна држава во светот која се наоѓа на надмороска висина од над 1.000 метри со својата најниска точка на 1.400 метри, и со над 80% од својата територија од над 1800 m. Лесото со право се нарекува кралство на небото или покрив над Африка

Tuesday, March 15, 2022

Дали сте знаеле дека

Знаете дека најстарата копнена површина на земјата е јужниот остров на Нов Зеланд, најстариот дел од копното на Нов Зеланд бил формиран за време на камбрискиот период од девонскиот

период пред околу 540 до 360 милиони години. Тие се состоеле од седименти депонирани на морскот дно на копното од деловите на Гондвана кој подоцна ќе станата Антартик и Австралија.