Sunday, May 19, 2024
Резултати од натпреварот по Географија
На ден 18.05.2024 година на факултетот за туризам во Скопје се одржа државен натпревар по Географија. Официјални резултати 7 одделение 1 Стефан П ООУ „Панко Брашнаров" ментор Коста Шупевски Велес 95 ПРВО МЕСТО 2 Милијана Н ООУ „Вера Јоциќ - Скопје“ ментор Драган Димитровски Гази Баба 93 ВТОРО МЕСТО 3 Огнен А ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ ментор Дарко Оносимоски Гостивар 92 ТРЕТО МЕСТ Официјални резултати 8 одделение 1.Стефанија Д ООУ „Тодор Ангелевски" ментор Гордана Богоевска Битола 100 ПРВО МЕСТО 2 Самир Е ООУ „Наим Фрашери" ментор Тела Јусуфи Студеничани 99 ВТОРО МЕСТО 3 Павел И ООУ „Методија Митевски Брицо“ ментор Марина Доневска Лозово 98 ТРЕТО МЕСТО Официјални резултати 9 одделение 1 Лукијан Лазаров ООУ „Кочо Рацин" ментор Марина Гроздановска Центар 9 100 ПРВО МЕСТО 2 Ива Ивановска ООУ „Јан Амос Коменски“ ментор Сузана Јакимовска Карпош 9 99 ВТОРО МЕСТО 3 Анастасија Андова ООУ „Св Климент Охридски" ментор Горан Ѓуроски Македонски Брод 9 98 ТРЕТО МЕСТО
Saturday, May 4, 2024
Авторски текстови
Thursday, April 18, 2024
ИНФОРМАЦИИ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2023/2024
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2023/2024 година, ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
П Р О Г Р А М А
09:30 - Поздравување на учесниците на натпреварот (проф. д-р Дејан Наковски, потпретседател на ЗПГМ)
09:35 - 09:55 - Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
10:00 - 11:00 - Натпреварувачки дел
11:00 - 11:30 - Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови
Sunday, March 3, 2024
Почитувани ученици
Ве известуваме дека Регионалните натпревари по географија за учениците од сите одделенија ќе се одржат на 16.03.2024 година со почеток во 12:30 часот.
Ве известуваме дека оваа година реализацијата на регионалните натпреварите ќе се одвива со физичко присуство кое ќе биде реализирано основното училиште ООУ ,,Единство" Гостивар.
Теми и материјаили за подготовка на регионалните натпревари:
VII одделение: Природно-географски карактеристики, Население и населби во Република Северна
Македонија - Соодветни материјали со релевантни информации и податоци според содржини во
наставната програма за 7 одд.
➢ VIII одделение: Природно-географски, социо-географски карактеристики на Европа и регионална
поделба на Европа (Јужна Европа) - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле
Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
➢ IX одделение: Азија и Африка - Географија за 9 одделение за образование од авторите Коле
Павлов и Ѓорѓи Павловски, издадено во 2023 година од МОН.
Учениците имаат на располагање 60 минути да одговорат на прашањата.
• Сите учесници треба да се присутни на местото на настанот во 12:00;
• Во 12:30 часот завршува натпреварувањето, а конечните резултати и пласман ќе биде истакнати и на
веб страницата на Здружение на професори по географија на Македонија ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ
МИЛЕНКОВСКИ – Скопје;
• Менторите ќе бидат вклучени во прегледување на тестовите и во Регионалните комисии
• Незадоволните ученици преку менторот имаат право на приговор до Регионалните комисии,
најдоцна 90 минути по објавувањето на неофицијалните резултати;
• Комисијата е должна иститот ден да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот;
• Резултатите од одговорот по приговорот се конечни;
• Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалниот натпревар, сите ученици го
делат истото место;
• На државен натпревар можат да учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од
соодветниот регион сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот;
• Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот (еден) од соодветниот регион,
се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од
максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;
• На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место,
додека менторите добиваат пофалница за освоено место.
• Останатите ученици и ментори добиваат уверение за учество на натпреварот.
За учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без
котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите.
Ви посакуваме успех во натпреварувањето!
Thursday, February 15, 2024
Општински натпревар по Географија
На 15.02.2024 година (
Општинските натпревари ќе се организираат онлајн на Google meet платформата, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.