Во длабочината се наоѓаат две езера, Мало и Големо езеро со својата таканаречена Руска плажа. Плажата го добила името по тоа што во езерото, први се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухпловство.
Малото езеро има форма на осмица, во најширокиот дел има должина од 8 метри, а должината и длабочината му се 15 метри, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15-18 метри.
Присуството на сталактити во водата, укажува дека порано во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградба на акумулацијата Матка во 1936 година.
Во пештерата има и таканаречена концертна сала од чија лева страна се таканаречените пишани камења. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо за чие толкување и дешифрирање треба стручна помош.
Во текот на 2008 година спелеонуркачка експедиција составена од врвни нуркачи од повеќе земји во светот започна со изтражување на оваа пештера.
Експедицијата се обиде да ја потврди теоремата, дека оваа пештера е најдлабока во Европа, а можеби и во светот. Пештерата Врело важи за една од најубавите подводни пештери во Европа која се карактеризира со голем број на сталактити и сталагмити, потоа со две езера, Големото и Малото, концертна сала и сл.
За најдлабока пештера во светот се смета Бушмановата дупка во Јужна Африка со длабочина од 282 метри што преставува и светски и гинисов рекорд во нуркање во длабочина во пештери.
Во 2008 година пештерата се наоѓање на 71 место по длабочина во светот со 100 метри, но со понатамошните изтражувања изведени во 2009 година пештерата дистигнал длабочина од 192 метри и се наоѓаше на 14 место во светот по длабочина на пододни пештери. Со последните изтражувања изврешени во 2011 година стигнато е до длабочина од 220 метри, но нуркачите се сигурни дека пештерата е подлабока.
Пелистер
Планинскиот масив Пелистер е типичен хорст издигнат долж повеќе раседи кои го одделуваат од Пелагонија и Преспанската котлина. Денешното издигнување на масивот изнесува 6 милиметри годишно. Со оглед на тоа што примарната структура на Пелистер претставува батолит, голем дел од карпестите маси се претставени со магматски карпи, пред се гранити и гранодиорити.
За да ги доживеете со свои очи убавините на Пелистер потребна ви е желба и пред се добра кондиција. Мојата омилена тура започнува од Нижеполе. Тоа е село сместено во подножјето на планината, до каде можете да стигнете со возило. Од тука патот, води низ терен без шумска вегетација, а попатно има по некое изворче за да ја изгасите жедта. По околу 2 и пол часа пешачење и искачени повеќе од 1.000 метри висинска разлика, пред вас ќе се појави прекрасното Големо Езеро, сместено во еден цирк. Според постанокот ова е глацијално езеро и е резултат на плеистоцената глацијација која ги зафатила овие простори. Со оглед на големата надморска височина (2.200 метри) не ретко можете да сретнете снег и мраз дури и во летните месеци јуни и јули. Веднаш до самото езеро се наоѓа планинарски дом, кој воедно е дом на најголема надморска височина во Македонија. Ноќевањето на ова место претставува посебно доживување.
Турата продолжува рано наутро, а следна цел е врвот Пелистер (2।601 м.) до каде се потребни околу 3 часа пешачење. Патеката кон врвот води по сртот, се минува над еден фосилен цирк и следи Малото Езеро. Димензиите и длабочината на ова езеро се значително помали споредено со Големото, а водата е нешто потопла. И конечно врвот Пелистер или “Антена” како што милуваат да кажат битолчани, а и името Димев врв (по Димитар Илиевски – Мурато, легендата на македонското планинарење и првиот македонец кој го освоил врвот на светот) е често употребувано. Од самиот врв има што да се види. На едната страна ја имате цела Пелагонија на дланка, а од другата страна Преспанското езеро со Галичица во позадина. Долго задржување на врвот не е препорачливо, па така по малиот одмор и пауза за ручек се тргнува во правец на планинарскиот дом Копанки. Делот од патеката кој води по сртот е по малку опасен и треба многу да се внимава, а движејќи се по голите карпести маси од гранодиорити се минуваат врвовите Илинден и Стив. На овој дел од масивот се забележуваат камени реки, значајна периглацијална појава која на Пелистер е мошне репрезентативна и претставува реткост за Балканскиот полуостров. Спуштајќи се кон Копанки, некаде под 2.000 метри надморска височина започнува и шумската вегетација – претставена со петоигличниот бор Молика. Од врвот до овој планинарски дом (на околу 1.600 метри н.м.в.) има не повеќе од 4 часа. Овде е предвидено второто ноќевање. Овој планинарски дом е на прекрасна локација, опкружен со шуми, а условите во домот се солидни. Кога домот е полн, секако и дружбата во вечерните часови е неизбежна, па сите се собрани во салата и дискутираат на најразлични теми, гледаат ТВ или едноставно уживаат во планинскиот чај.
Наредниот ден турата завршува, а такси за Битола можете да фатите од пред хотелот “Молика” кој е оддалечен 25 минути пешачење од домот, а секако оние кои сакаат уште да пешачат и да заштедат има можност да се спуштат до селото Магарево, кое се наоѓа во подножјето на Пелистер।Овој национален парк е воедно и еден од најубавите предели во Република Македонија, секогаш интересен како од географски и биолошки аспект така и за планинарите, љубителите на природата, скијачите… Ако некогаш имате можност да го посетите Пелистер не се двоумете, затоа што само така можете да ги запознаете убавините на Македонија.
Oхридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен акватичен екосистем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО.
Езерото покрива површина од 358,2 km² и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945 m), а на запад со Јабланица (2257 m).
Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.
Потеклото на Охридското Езеро, гледано во целост како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на Плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари, долго-постоечки езера заедно со Бајкалското, Тангањика, Ховсгол, Тити Кака. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред се поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.
За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми. Групи најбогати со ендемични организми и воедно најистражувани групи на организми се Дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), Харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа Планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Покрај овие групи, познати охридски ендемити се секако охридската пастрмка-Летница Salmo letnica и Белвицата - Acantholingua ohridana.
Охридско Езеро
Климата во Охридската котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средно месечна температуре изнесува 1,5 степени во јануари , додека 17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во Охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.
Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се карактеризираат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуват стабилноста. Средната брзина на ветер во Охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .
Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 C°.
Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки мест
No comments:
New comments are not allowed.