Sunday, May 3, 2015

На денешен ден (3 Мај)


 На второт о патување по потрага по новиот свет Кристофер Колумбо на денешен ден во  1494 година го откри островот денес наречен Јамајка. Тогаш островот бил населен од Аравак Индиосите кои во тоа време биле околу 100.000. Местото го нарекле "Хамауса" што што отпилика преведено би значело "Земја на дрвата и водата".Овој мирољубив народ полека бил истребен,Шпанците биле приморани да обезбедат работна сила и да почнат трговија со робови од Африка. Денес Аравак Индиосите се прикажани на грбот на оваа држава, а на него е и симболично местото" Out of many, one nation" (Од многу, еден народ). По Шпанците, со островот владееле Британците кои освен англиски јазик оставиле и административен систем во наследство. Денес Јамајка е независна држава и е членка на Британскиот Комонвелт



На денешен ден во 1500 Португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал го откри Бразил на пат кон Индија и го прогласи за имот на Португалија.

No comments:

Post a Comment