Friday, May 29, 2015

Нане

Нането е тревесто растение кое расте како диво и питомо кое се одгледува по градините. Стеблото е високо околу 50 cm, разгрането е и четириаголно. Лисните дршки се плавкасто или виолетово-црвени особено во пролет кога расте.Листовите се јајцевидни или долгнавести кои на горната страна се темно зелени а на долната бледи. Главниот нерв на листовите е особено истакнат. Цветовите се виолетово-црвени, ситни и здружени на горниот дел на стеблото и гранчињата. Нането има изразен јак мирис а особено листовите бидејќи содржат големи количини на етерско масло. освен етерското масло кое содржи големи количини на ментол поради што лади и освежува содрзи и големи количини на танини и други корисни материи
.
Станиште: Нането расте по ливадите, градините и бара доста влага.
Лековити делови на растението: За лек се употребува целото растение а особено листовите.
Лековито дејство: Нането има пријатен вкус поради што неговата примена е голема како лек и како зачин.се користи како средство за смирување, против грчеви, гасови и тешко варење, против гадење и повраќање. Влегува и во состав на мешавина чаеви за лекување на жолчката. Етеричното масло од нането во комбинација со алкохол надворечно се користи во лекување на неуралгични болки, реума и настинка. Ментолот ги надразнува нервите во кожата, лесно испарува и поради тоа лади. Нането се користи за смирување на нервите, нервна растроеност,главоболка, зуење во ушите, грозница, слабост, против зноење на нозете. Ги отстранува гасовите, подригнувањето, повраќањето, грчевите во желудникот и матката, непријатниот здив од устата, го регулира крвотокот, лечи настинка и кашлица. Нането е многу корисно кај мачнини и гадење при патување. Исто така доста често се користи како зачин во исхраната кој го подобрува варењето на храната.

No comments:

Post a Comment