Monday, June 1, 2015

Боговинско езеро



Боговинско езеро е најголемо од 27- леднички езера на Шар Планина. Езерото се наоѓа меѓу Брустовец и Мала Смрека на 1.936 надморска височина. Во правец југозапад североисток е долго 245 м и широко 210 метри. Најголема длабочина изнесува 2.2 метри. Има површина од 66.680 м2 . Се наоѓа на карпест басен. 
Боговињското езеро има најголем број на притоки кои се влеваат во него. Најголема и најпозната е секако истоимената боговињска река, која се влива во него и на спротивната страна се одлива за да продолжи кон селото Боговиње, и  на крај се влива во Вардар кај селото Радиовце



No comments:

Post a Comment