Thursday, June 18, 2015

Бен Невис

Бен невис е највисокиот врв на Британските острови. Се наоѓа на западниот дел на Грампијанските планини. Има височина од 1.344м, со тоа  Бен Невис претставува популарна туристичка атракција со околу 100 илјади посетители годишно.Околу Бен Невис има неколку ридови со надморска височина од 700 м, и на нив најчесто се искачуваати ентузијасти и професионални планинари од сите возрасти.На местото каде што порано постоел активен вулкан, отворена била опсерваторија која активно работела од 1883 до 1904 година. Нивните метеоролошки истражувања била многу важни како би се откриле климатските појави во Шкотска. Физичарот Чарлс Вилсон бил инсириран да ја конструира познатата Вилсонова комора.


No comments:

Post a Comment