Monday, June 29, 2015

Највисокиот врв на балканот

Врвот Мусала е највисокиот врв на Балканскиот полуостров. Овој врв е лоциран на планината Рила во Република Бугарија Височината на овој врв изнесува 2925м, и покрај тоа што  Р. Бугарија има голем број врвови со над 2000 метри височина како на пример: 
  • Голема Сјуткја 2186 м
  • Голем Перелик 2191 м 
  • Черни врв 2290м  

но врвот Мусала  претсавува највисокиот врв во Бугарија и највисокиот врв на  Балканскиот полуостров.  Врвот Мусала е повисок за 8м   од врвот Олимп кој се наоѓа во Р. Грција.
Во близина на на овој врв се наоѓа и познатиот туристички центар Боровец или околу 80 км од главниот град на Бугарија- Софија. Постојат повеќе легенди за името Мусала според етимологијата на зборот најприфатливо е дека името произлегло од Мус Аллах или место за молитва "врв за молитва" името е дадена за времето на владеењето на турците на балканскиот полуостров. Исто така името на овој врв во периодот од 1949 година до 1962 година се нарекувал "Сталин "по името на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Просечната годишна температура на Мусала е -3  степени целзусови што ја прави најладното место на балканот. Во просек 254 денови во годината врвот Мусала е покриен со снег.
  Туризмот на планината Рила и освојување на највисокиот врв на Балканот е голем предизвик за огромен број планинари не само од Р.Бугарија тука од целиот Балкан и пошироко
.На северозападниот дел од оваа планина се наоѓаат т.н седумте рилски езера, со што освен големиот предизвик на освојувањето на врвот Мусала езерата ја збогатуваат љубопитноста  кај планинарите и љубителите на природата. Врвот Мусала годишно го  посетуваат
50 илјади туристи

.

No comments:

Post a Comment