Tuesday, July 28, 2015

Смоларскиот водопад

Падот на водата на овој водопад е константен и изнесува 39,5 метри. На дното од водопадот е формиран лонец, чија должина во правец на течението на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Водопадот е формиран на северните падини на планината Беласица по текот на реката Ломница на надморска височина од 600 метри над селото Смолари. Околината на водопадот е познато како место со најмногу кислород во регионот и пешачката патека тука претставува идеално место за рекреација.
Беласица е планина во југоисточна Македонија, која е поделена меѓу Македонија, Грција и Бугарија






No comments:

Post a Comment