Friday, July 31, 2015

Соча

Соча е река во западна Словенија и североисточна Италија, со должина од 138 м, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италјанска територија. Има Алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м. Тече низ Бовец, Кобарид, Толим, Канал. Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското море кај италјанскиот град Монфалконе. Реката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение. Позната е по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката.


No comments:

Post a Comment