Гоби е најголемата пустина во Азија, а името го добила од монголскиот збор за пустина. Пустина зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија. Вкупна површина на пустината изнесува 1.295.000км/2 Од северната страна преминува во степа западно се шири до Алтај, а на југ се граничи со планините Килијан-Шан, кој го образуваат северниот раб на Тибетската висорамнина. Релјефот е разновиден од карпести масиви до широки долини и рамнини, мал дел од Гоби е покриен со песок за разлика од Такла Макан со која се спојува на запад.
Monday, August 31, 2015
Најдолгата река во Франција
Лоара е најдолгата река во Франција,со вкупна должина од 1.020 км извира помеѓу вулканските врвови на планината Севен, југоисточен раб на Централниот масив. Нејзиниот извор е само 160 км оддалечен од средоземното море и утоката на Рона. Под градот Нант Лоара се проширува во естуар и кај Сен Назар се влева во Бискајскиот залив. Текот на оваа река е многу неправилен. Вкупната површина на басенот изнесува 117.000 км/2. Најголеми притоки на реката Лоара се Алије,Мајен и Вијена.
Saturday, August 29, 2015
Кралица на сите реки
Амазон преставува најголемата река во светот, според големината на нејзиниот басен и според количината на водата што протекува низ неа. Амазон излева во море 20% од вкупната вода на сите реки во светот. Реката Амазон е долга 5.500 км. Во Амазон живее најкрволочната риба пирања и најдолгата река змија анаконда.Поради количеството на вода Амазон е наречена "Кралица на сите реки".
Нејзини најголеми сопернички се Конго и Жолтата река, кои одделно излеваат околу 4 % од вкупното количество на вода. Оддалечен 1600 км од својата утока, Амазон кај Манаус е широк околу 16 км, што веќе му дава особености на река со џиновски размери.Амазон тече од перуанските Анди, низ територијата на Бразил до Атланскиот океан.
Нејзини најголеми сопернички се Конго и Жолтата река, кои одделно излеваат околу 4 % од вкупното количество на вода. Оддалечен 1600 км од својата утока, Амазон кај Манаус е широк околу 16 км, што веќе му дава особености на река со џиновски размери.Амазон тече од перуанските Анди, низ територијата на Бразил до Атланскиот океан.
Откриени нови пештери на Галичица
На Галичица се откриени новите пешетри едната се наоѓа во близина на с. Елшани а другата во близина на с. Трпејца, истражувањата покажале дека има уште многу непознати и интересни пештерски шуплини на планината. Галичица со својата раскошна убавина претсавува магнет за љубителите на природата а големиот број пештери ќе ја зголемат туристичката понуда на Галичица и целиот регион.
Куќата на мртвите
Во Мири древниот град во Турција над рушевините на театарот и црквата Свети Никола, се наоѓа античка некропола која ги фасцинира археолозите. Гробницата датира од 4 век пред нашата ера "куќата на мртвите" како честопати ја нарекуваат оваа гробница, претставува единстевното чудо на архитектурата и парче историја со кој градот Мири се гордее.
Thursday, August 27, 2015
Одржана70-тата најголемата битка со храна во светот - Ла Томатина
Само неколку километри од Валенсија се одржува фестивал со меѓународно значење. На крајот на летото во малото шпанско градче Буњол се собираат илјадници туристи кои учествуваат во борбата со домати. Оваа традиција започнала од една обична кавга на продавачи во Бунола. Оваа традиција започнува од 1945 година на 26 август последнов фестивал го одбележа 70 годишното успешно постоење на фестивалот.
Wednesday, August 26, 2015
Сокотра
Сокотра е мал архипелаг составен од 4 острови во Индискиот океан. Се наоѓа на 240 км источно од рогот на Африка и 380 км од Арапскиот полуостров. Сокотра е многу изолиран една третина од животинскиот ирастителниот свет кој ги има тука се ендемични. Многупати е опишан како највонземјанското место на земјата.Сократ припаѓа на Република Јемен.Климата е тропска пустинска и полупустинска. Просечна годишна температура е над 18 степени. Островот се одликува со најбогат биодиверзитет на арапското море.Долгата геолошка изолација и неподносливата жештина и суша се усогласиле создавајќи единствена спектакуларна ендемска форма. Една од највпечатливите растенија на Сокотра е змејското крваво дрво Dracaena Cinnabri има чудесен облик и изглед како отворен чадор. Лачи темно црвена боја што потсетува на крвта на змејовите од приказните.Други ендемични видови се гиганското дрво Dorstenia Gigas и ретката калина punika protopunika. Островот е признат како светко природно наследство од УНЕСКО во
2008 година
Повеќе
2008 година
Повеќе
Најпосетуваната туристичка дестинација во Сирија
Палмира е антички град во централниот дел на денешна Сирија. Неговото оргинално име потекнува од ерменскиот јазик и гласи Тадмор што значи Палма. Локалното население го користи името Тадмор. Палмир се наоѓа во Сириската пустина околу 200 км североисточно од Дамск. Овој град некогаш бил најважен центар во регионот и важна раскрсаница на трговските патишта.Оазата во кој Палмир е лоциран со изворите топлите води допринесло овој град да биде еден од најзначајните на Патот на свилата од Кина до Медитеранот.Познат е како град со богата историја и многу сочувани антички градби од различни историски епохи.Поради тоа е една од најважните туристички дестинации во Сирија и регионот
Tuesday, August 25, 2015
Памуккале Труција
Памуккале "Памучно кале" e комплекс на единствени минерални извори во југозападна Турција, во близина на градот Денизја. Локалитетот има топли извори и тревертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Памуккале се наоѓа во внатрепниот дел на Турција на Егејското море, покрај долината на реката Мендрес, која има умерена клима во поголемиот дел од годината . Памуккале има 17 извори во кој водата има температура од 35 степени Ц до 100 степени Ц. Туризмот бил и сеуште е главна индустрија. Луѓето тука се капеле во овие терасести базени илјадници години. Ова подрачје е под заштита на Унеско
Полошка котлина
Горен Полог |
Полошка котлина е лоцирана во севрозападниот дел на Р Македонија, со површина од 400 км/2. Полог е поделен на два дела и тоа Горен Полог - Гостиварски крај и Долен полог- Тетовски крај и се протега во меридијански правец север-југ. Во полог живеат околу 304.125 жители - 2002 год. Гостивар и Тетово се најголемите места во Полог. Од западна страна и делумно од северна страна Полог е ограден со Шар Планина, од источна страна е ограден со планините Сува Гора и Жеден, а на југ е ограден со падините на Бистра- Влаиница и Челоица.Во полог извира најголемата наша река Вардар, која протекува вдолж целата котлина со должина од 68 км. Просечната надморска височина се движи од 360 до 430 м во Долен Полог -Тетовски дел и од 430-580 м во Горен Полог - Гостиварски дел
Monday, August 24, 2015
Манастирот "Гнездо на тигарот"
Некаде на Химелајските карпи на Бутан се наоѓа овој преубав манастир што го одзема здивот. Овој манстир е изграден на работа на една висока карпа со преубав поглед на зеленилото во долината Паро. Целиот комплекс е подигнат во 1962, карпата била гнездо на демонски тигар , па на тоа место е изграден манастри за да го скроти демонот.
Демиркаписка клисура
Демиркаписка клисура- една од најубавите клисури во Република Македонија. Демиркаписката клисура се наоѓа на Р Вардар, таа е именувана според градот Демнир Капија. Должината на клисурата изнесува 31,5 км сместена од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должината таа е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Оваа клисура е планинска, од источната страна е заградена со Серта и Градишка планина, а од запад со Краставец и Кожуф. Во ова клисура се чуствува влијанието на средоземноморска клима. Како резултат на влијанието на климата, клисурата е всушност еден од орнитолошки резервати во Европа според бројот на ретките птици грабливки- белоглавиот мршојадец, египетскиот мршојадец, златниот орел, орелот змијар, лисестиот глувчар, како и разни видови на соколи, ретки видови на лилјаци и уште 148 други видови на птици. Тука се среќаваат и многу видови на диви животни како што се лисица, волк, круна, зајак и јазовец а, во Вардар живее најголемата риба сом. Во оваа клисури има 13 пештери од кој најпознати се Бела Вода и Змејовец
Кањонот Антилопа -Аризона
Кањонот Антилопа несомнено е еден од најатрактивните, најпосетуваните и најфотографираните кањони во светот.
Овој кањон се наоѓа во близина на градот Пејџ во Аризона-САД. Сместен е на територијата на населението Навахи-Староседелско индијанско население.
Овој кањон е формиран како последица од ерозијата на меките камени карпи, поројните дождови и поплави и секундарно како резултат на некој воздушни промени.
Биг Бен
Биг Бен е најголема саат кула во светот со sвоно. Се наоѓа во Лондон. Сместен е во севроисточниот крај Вестминистерската палата. Името Биг Бен е називот на sвоното кое се наѓа внатре во оваа кула. Оваа саат кула е подигната како дел од новата вестминистерската палата, поради тоа што старата изгорела во пожар во ноќта на 22 октомви 1834 година. Градбата ја дизајнирал Аугустус Пугин. Биг Бен е изграден во неготски стил, неговата височина изнесува 96,3 метри
Sunday, August 23, 2015
Скандинавски планини Галдхепинген
Скандинавските планини претставувват планински венец што се протегаат вдолж скандинавскиот полусотров. Западните планини нагло се спуштаат кон севрното и норвешкото море, образувајќи ги познатите норвешки фјордови додека во североисточниот дел благо се спуштаат кон Финска. Планините не се многу високи, но на места се многу стрмни. Највисока е Галдхепинген 2469 м во јужна Норвешка.На Шведска страна највисок врв е Кебнекајсе со 2104 а во Финска највисока е Халти 1238 м. Во подрачјето има многу ледени полиња и глечери благодарение на северната географска положба и влагата од а океанот. Скандинавските планини го сочинува геолошка целина со планини од Шкотска, Ирска и преку атлантикот со Апалачките планини со Северна Америка. Стручните лице сметаат дека тие образувале еден венец пред разделувањето на суперконтинентот Пангеја. Сегашните планини се остаток од т.н Каледонски планини, тие се еден од најстарите планински веннци во светот
Saturday, August 22, 2015
Најдлабокото езеро во светот
Бајкалското езеро е најдлабокото езеро во светот 1620 м и пореставува криптодепресија. Се наоѓа во јужниот дел на Сибир. Површината на ова езеро изнесува 31.500 км/2, има зидолжена форма со должина од 626 км и широчина од 79 км најголема широчина. Ова езеро е опкружено со високи планини до 2000 м. Од 2700 видови на риби кои живеат во ова езеро, дури 60 % од нив не постојат никаде во светот, можат да се најдат само тука
Легенда
Постои интересна легенда за ова езеро која вели дека езерот е старец со 336 синови и ќерки, но само едно дете се оделило од нив во вид на река по име Ангара кое истекува од езерото. Строгиот Бајкал сакал својата ќерка да ја омажи за Иркурта а таа се заљубила во Јенисеј и една вечер додека Бајкал спиел , таа побегнала со својот сакан. Кога Бајкал се разбудил и видел дека ја нема неговата ќерка, збеснал и подигнал големи бранови а рибите побегнале на дното на езерото. Дури откинал карпа од езерото и ја фрлил по својата ќерка карпата паднало на грлото на девојката и од нејзините солзи настанало Езерото Ангара. Од тогаш на ова езеро се носат жртви како Бајкал не би се налутил и ја поплавил целата земја. Туристити кои сакаат да го запознаат ова езеро кое има 27 острови треба да пловат еден месец. Постои верување ако сакате повторно да се вратите на Бајкалското езеро, да заврзете карпа на едно од дрвата кои се наожаат над него.
Тјоурсау- најдолгата река во Исланд
Тјоурсау е река која се наоѓа во јужните делови на Исланд, таа е најдолгата река во оваа островска држава со вкупна должина од 230 км. Таа претсавува ледничка река која истекува од ледникот Хофсјекитл.Тече низ тесни клисури во Исланската висорманина , па подолу и се приклучува притоката Тингаау, па навлегува во рамничарски предели. Оваа река се влева во Атланскиот океан
.
Friday, August 21, 2015
Thursday, August 20, 2015
Јадранско море
Јадранското море се простира помеѓу Балканскиот и Апенинскиот плуостров. Ова море преставува просторен залив на Средоземното море е поврзано преку Отранската врата и Јонското море. Неговата вкупна површина изнесува 138 000 км/2. Според длабочината, басенот на Јадранското море е поделен на два дела северозападен поплиток и југоисточен многу подлабок дел. Гарницата помеѓу овие два дела ја преставува подводен гребен кој се протега од полуостровот Пелашец до италјанскиот полуостров Монте Гаргано. Длабочината на морето во северозападниот дел во просек изнесува околу 50 метри. Во југоисточниот дел, кој има олика на длабока котлина, длабочината е значително поголема. Во тој дел се наоѓа и најголемата длабочина на Јадранското море од 1 330 метри. Јадранското море спаѓа во редот на топлите мориња во Европа. Соленоста на Јадранското море зависи од температурата на морската вода, од испарувањето, од врнежите и од дотокот на водите од реките со слатка вода. Тој се движи од 31 промил во северозапдниот дел до 38 промили во југоисточниот дел. Провидноста на водата на Јадранот достигнува до 56 метри длабочина. Таа е поголема на отворено море, а помала покрај брегот, пред речните утоки и покрај пристаништата и големите градови. Во Јадранот постојат три вида движења на морската вода- Морски бранови, морска струја и плимаи осека. Бојата на Јадранскот море е модро сина затоа ова море уште се вика и Син Јадран
Sunday, August 16, 2015
Saturday, August 15, 2015
Првата рибарска земја во Европа
Норвешка преставува првата рибарска земја во Европа со над 200 фабрики за преработка на риба. Во фјордовите, бреговите и островите на Норвешкото море постојат повеќестотини рибарски населби. Во риболовот учествуваат голем број на луѓе со над 50 илјади рибарски бродови. Во Норвешкото море околу Лофотските острови најмногу се лови бакалар, а во Северното море Харина. Норвешка има рекорден број на извоз на риба и на морски производи
Во текот на 2014 година Норвешк извезла морски производи во вредност од ,6 милјарди вера, што е 12 % повеќе во однос н 2013, во споредб со 2012 година, порастот е речиси 25%. Секој ден се извезуваат 37 милиони оброци од морски плодови
Река Радика -бифуркација
Радика е река во Македонија, таа претсавува најголемата притока на реката Црн дрим. Реката радика преставува типично планинска река со најатрактивнен и живописен кањон. Реката радика е единствената река Бифуркација во Македонија која дава вода на два слива, Јадрански и Егејски, со канали дел од вдата на радика се водат до Мавровското езеро и го полнат со водаа од тука со подземни тунели во Вардар.
Радика извира на 2.200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското езеро е долго 67 км, на тој пат таа прима четири притоки и тоа Рибница, Жировничка река, Мавровска река и Мала река. Радика има чиста студена и бистра вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.Куриозитет на долината на Радика претсавуваат народната оргинална архитектура на селските куќи во Битуше, Јанче, Гари Лазарополе и др
Friday, August 14, 2015
Thursday, August 13, 2015
Мистеријата на Велигденскиот остров
Велигденскиот остров се наоѓаат во Тихиот океан и е дел од Полинезија. Тој е под владеење на Чиле и е едно од најодалечените места на земјата. Првиот Европеец кој стапнал тука е холандскиот адмирал Јакоб Рогевен на Велигден 5 април 1722 година, ова е причината островот да биде наречен Велигенски. Островот располага со прекрасна природа, каде се издвојуваат гигантски камени статуи со форма на човечко тело и го носат името Моаи. Овие статуи се изработени од домордните жители Рапа Нуи.Бројот на статуите е 887. Просечната височина е 4 м а нивната тежина достигнува 12,5 т. велигденскиот остров преставува дел од светското културно наследство и очекува посетителите да го посетат и почуствуваат древната вредност на овие статуите
.
Tuesday, August 11, 2015
Побитите скали
Се наоѓаат на 18 километри од Варна од двете страни на патот Варна - Софија околу селата Сончево, Баново и Страшимирово и град Девнaja. .
Повбитите скали претставуваат камени столбови со различна височина од 5 до 7 метри, дебелина - од 0,3 до 3 метри со различно рез.
За потеклото постојат многу хипотези кои можат да ги поделиме главно во две групи - за органски и неоргански потекло
Во 1937 се прогласени за природна реткост. Овие камења имаа голема популарност, за нив се посветени над 60 книги и статии, разгледници тв филмови. Блискоста до црноморските одморалишта го прават местото со исклучителна висока туристичка вредност.
Во 1937 се прогласени за природна реткост. Овие камења имаа голема популарност, за нив се посветени над 60 книги и статии, разгледници тв филмови. Блискоста до црноморските одморалишта го прават местото со исклучителна висока туристичка вредност.
Најниска точка на Австралија
Езерото Ејре се наоѓа околу 15 метри под нивото на водата и тое местото со најниска надморска височина во Австралија. Ова езеро се наоѓа во централниот дел на Австралија на северниот дел на сојузната држава јужна Австралија. Ова езеро името го добило по Едвард Џони Еру кој го отркил во 1840 година. Езерото се состои од два дела северно и јужно езеро кои се поврзани со канали.
Најгоемата туристичка Атракција на Јордан
Петра преставува напуштен град на подрачјето на денешен Јордан а во античкиот период бил главен град на Набатејците. Петра е внесен во Унеско како светско културно наследство, т.е едно од најдобрите културни добра на човештвото.
Денес Петра се смета за едно од најважните знаменитости на блискиот исток, и најголема туристичка атракција на Јордан. Од 2007 е одбран како едно од новите светски чуда.
Петра се наоѓа на пола пат од заливот Акаба према Мртвото море на височина од 800 м до 1350 м на брдкосто подрачје Едома. Благодарение на стратешката поволна положба која била раскрсница помеѓу повеќето каравански патишта кој ги спојувале Египет со Сирија и јужна Арабија со средоземјето, градот во периодот на 5 век пр.не до 3 век од нашата ера било многу важен трговски центар.Петра особено ја котролирал раскрсницата на патот на темјанот. Тој простор на трговскиот пат водел од Јемен долж западниот брег на Арабија, кајПетра се разделувал еден према Газа а другиот према североисток одел до Дамаск. Покрај поволната географска положба, имал и добро скриена положба меѓу стрмните карпи и зидовина околните брегови, и шпто е посебно важно имало безбедно снабдување со вода
Најмалата држава во светот
Ватикан е најмала држава во светот, се наоаѓа на територјата на градот Рим. Вкупната површина изнесува 44 хе. Во организацијата на обединетите нации има статус на земја посматрач под името света столица, а географски се класифицира како дражава во јужна Европа. Ватикан е седиште на папата, поглаварот на католичката црква.Оваа мала држава има вкупно 836 жители од кој над 450 се ватикански државјани, додека останатие имаа дозвола за престој, привремено или трајно, без добивање на државјанство. Непроценливото уметничко благо и многуте споменици на клултурата, како базиликата св Петар и сикстинската капела која се смета за една од најголемите достигнувања на светското наследство привлекува бројни туристи околу 5 милиони кој го посетуваат Ватикан во текот на една година
Повеќе Базилика свети Петар Повеќе
Повеќе Базилика свети Петар Повеќе
Sunday, August 9, 2015
Еден од симболите на Брисел
Манекен Пис- Момчето што мокри, или уште се нарекува малиот Џулиен е склулптура во вид на фнтана. Бронзената скулптура од почетокот на 18 век е изградена во чест на детето од средновековната легенда кое го спасило Брисел така што со урината изгасило фитил со барут и со тоа ги спречило освојувачите да ги кренат во водух градските sидини. Денес Манекен пис преставува една од главните туристички атракции во Брисел
Најголемиот залив во светот
Бенгалскиот залив преставува најголемиот залив во светот. Вкупна површина на заливот изнесува 2.172.000 km/2
Тој е сместен во североисточната страна на Индискиот океан, се граничи со бреговите на Индија, Бангладеш, Бурма и Шри Ланка. На запад граничи со полуостровот Индостан, на исток со островската група Андамански и Никобарски острови на север од заливот се наоѓа историската област Бенгал. Во овој залив се влеваат многу големи реки како што се Ганг, Брамапутра, Мегна, Кришна, Годавари,Кавери, Иравади, Маханади.
Најголеми пристаништа се Калкута, Ченај Вишакапатнам Пондишери во Индија, Читагонг-Бангладеш и други
Saturday, August 8, 2015
Симболот на Копенхаген
Ако Париз ја има ајфеловата кула, а Њујорк статуата на слободата не сомнено малата сирена преставува симболот на Копенхаген и цела Данска. Оваа скулптура е поставена на шеталиштето во Копенхаген на 23 август 1913. Скулптурата е изработена од бронза и гранит и е инспирирана од бајката на Андерсен за сирената
која поради љубов се откажала од животот во морето за да може да биде со младиот убав принц на копното.Најголемиот полуостров во светот
Арабискиот полуостров се наоѓа во југозападна Азија помеѓу црвеното море , персискиот оманскиот и Аденскиот залив. Зафаќа површина од 3.000.000 км/2 поглемиот дел лежи врз пустини. Арапскиот полуостров ги опфаќа слените држави: Саудиска Арабија, Јемен, Оман, Обединетите Арапски емирати Катар Бахреин и Кувајт. Овој полуопстров содржи најголеми количини на нафта во светот.
Friday, August 7, 2015
Карта на светот
Данскиот земјоделец Соре Пулсен своерачно изградил сопствена верзија на светот. Оваа карта е завршена во 1969 година и денес преставува главна туристичка атракција во едно мало селце Клејтруп во Јутландија копнениот дел на Данска
Thursday, August 6, 2015
Симболот на Камбоџа
Величествениот Ангор Ват е хиндуистички комплекс храмови во Ангор-Камбоџа. Ова импресивно архитектонско дело е богато украсено со декорации својствени за кмесрката архитектура
Храмот бил изграден во чест на кралот Сурјаварман II во 12 век. Комплексот бил наменет за државен храм и бил дел од територијата на главниот град на Кмерското царство. Првично Ангор Ват хиндуистички храм посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистички храм. Ангор Ват станал симбол на Камбоџа, постанувајќи централен елемент на камбоџиското знаме и главна туристичка атракција
Највисоката висорамнина во Азија
Тибет се наоѓа на просечна надморска височина од 4.900 м, затоа често се нарекува "кров на светот". Тибетанската висорамнина го опфаќа најголемиот дел од автономниот регион Тибет како и покраината Ќангхај во Западна Кина како и делови од Индија. Висорамнината е опколена со големи планински венци, годишно бројот на врнежи изнесува 100 до 300 мм и тоа претежно во облик на град. Условите за живот се доста тешки температурата во зима се спушта дури и под - 40 степени, поради тие причини ова е најретко населено места во Азија и трето во светот после Антартик и Северен Грендланд.
Доминантна религија во Тибет е тибетанскиот будизам , но и има и малценство кој припаѓаат на исламската и христијанската религија.
Wednesday, August 5, 2015
Најголемиот остров на земјата
Најголемиот остров на земјата е Грендланд, овој остров се наоѓа во Северниот леден океан.
Вкупната големина на Грендланд изнесува 2 176.000 км/2 .
Најблиски земји до Грендланд се Исланд на исток и Канада на запад. Грендланд автономна земја во рамките на кракството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со С. Америка политички и историски Грендланд е поврзан со Европа. Со своите 56.749 жители, Грендланд е најслабо населена држава или зависна теротирија во светот. Главен град на Грендланд е Нук, а официјален јазик е грендландскиот
Tuesday, August 4, 2015
Eзеро со најголема надморска височина во светот
Титикака се смета за планински езеро, распространето на Андите на територијата на две држави Перу и Боливија.Титикака се смета за најголемото езеро во Јужна Америка доколку не сметаме на Маракаибо, кое некаде се смета за морски залив. Површината изнесува 8 300 км/2 а длабочината достигнува до 304 м. Најголемиот остров во него исто така се нарекува Титикака. Езерото користи за риболов транспорт и секако туризам. Тоа е највисокото езеро во светот на надморска височина 3.812 м
Највисокиот активен/жив вулкан во светот
Највисокиот активен вулкан во светот е Котопакси, лоциран во Еквадор.Котопакси се наоѓа на Андите јужно од главниот град Кито на височина од 5896 м. Котопакси е покриен со глечери, како еден од најактивните вулкани во Еквадор, тој има стрмни страни и речиси симетричен конус покриен со длабоки кратери, што како гнезда се всадуваат во неговиот врв. Сегашниот конус се создал во текот на последните 5.000 години. Котопакси има долга историја на експлозивни ерупции.
Најголем полуостров во Европа
Скандинавскит полуостров е најголемиот полуостров во Европа. Се простира меѓу Атланскиот океан и Балтичкото море со Ботнинскиот залив и Арктичкиот океан. Зафаќа површина околу 1.100 000 км/2. Има должина од околу 1900 км и широчина од 400- 700 км. На него живеат околу 15 милиони луѓе. Подолжината на Скандинавскиот полуостров се простираат старите Скандинавски планини, Западните брегови се доста разгранети, со потопувањето на глечерските долини се создале длабоки долги и тесни заливи наречени фјордови. Пространи делови од Скандинавија се зарамнети и се нарекуваат фјелдови
Monday, August 3, 2015
Мируша Кањон
Мируша кањонот е еден од најинтересните природни области во Косово. Кањонот Мируша се наоѓа во јужниот дел на планината Гремник на надморска височина од 572 метри. Вкупната должина на кањонот изнесува 2 км. Низводно реката Мируша минува низ клисурата Мируша кој е познат како кањон Мируша. Во овој кањон се лоцирани 16 возбудливи водопади и езера кои го сочинуваат најатрактивниот дел од кањонот.
Sunday, August 2, 2015
Чудните скали- Езеро Цонев
Карпестиот геномен познат како "Чудни скали" се наоѓа на 4 километри од селото Аспарухов, Област Варна. Прогласен з природна реткост од 05.08.1949 година, има површина од 12,5 хе се наоѓа на брегот на езерото Цонев. Во непосредна близина на карпите поминува главниот пат што ги поврзува Провадија -Ајтос, тука поминува железничката линија Варна-Пловдив.Чудните Склали претставуваат низа од околу десетина неверојатно убави карпи со висина од 40-50м во облик на кули од замок Се формирале под влијанието на водата и ветерот врз варовникот, не емонолитна туку на блокови. Бидејќи се гледаат од главниот пат , карпите често провлекуваат патници кои се одлучуваат да се одморат и да уживаат во прекрасната глетка на нејзините форми