Горен Полог |
Полошка котлина е лоцирана во севрозападниот дел на Р Македонија, со површина од 400 км/2. Полог е поделен на два дела и тоа Горен Полог - Гостиварски крај и Долен полог- Тетовски крај и се протега во меридијански правец север-југ. Во полог живеат околу 304.125 жители - 2002 год. Гостивар и Тетово се најголемите места во Полог. Од западна страна и делумно од северна страна Полог е ограден со Шар Планина, од источна страна е ограден со планините Сува Гора и Жеден, а на југ е ограден со падините на Бистра- Влаиница и Челоица.Во полог извира најголемата наша река Вардар, која протекува вдолж целата котлина со должина од 68 км. Просечната надморска височина се движи од 360 до 430 м во Долен Полог -Тетовски дел и од 430-580 м во Горен Полог - Гостиварски дел
No comments:
Post a Comment