Friday, October 30, 2015

Сонце

Сонцето е најбилска sвезда до Земјата. Тоа е голема вжештена , гасовита и топчеста форма, која зрачи светлина и топлина. Во центарот на сонцето темтературата достигнува 20 милиони степени Целзиусови, а на површината 6000 степени целзиоусови. Од оваа топлина сонцето  Сонцето испраќа до земјата помалку од 2 милијарди делови од ова количество, но и тоа е доволно да се одржи живото на неа.Затоа велиме дека Сонцето е извор на живот.Без него земјата би била темно тело и ледена пустина растојанието на земјата во однос на сонцето изнесува 150 милиони км.Сонцето претежно е составено од водород и хелиум. Освен нив, во неговата градба учествуваат и 60 други елементи. Меѓутоа сите тие се мал дел во споредба со водородот. На сонцето можат да се издвојат 4 сфери Јадро, Фотосфера, хромосфера и Корона

Сонцето настанало пред 5 милијарди години. Долго време , се до 16 век се мислело дека Сонцето кружи околу земјата. Таа заблуда ја отстранил Никола Коперник во 1453 година

Thursday, October 29, 2015

Tuesday, October 27, 2015

Најпознатата комета во историјата на човештвото

Хелеева комета, е најпознатата комета во историјата на човештвото. Наречена е така според својот откривач астрономот Едмунд Хелеј. Кометата спаѓа во групата на сјајни комети на краток период. Оваа комета се гледа на секои 75-76 години кога последен пат е беше видена во 1986 година, а следниот пат ќе се види во 2061 година

Градба

Јадрото на Хелеевата комета е со големина 16x8xx8km. На површината на кометата можат да се препознаат возвишувања, долини и кратери. Голем број податоци за структурата на кометата во 1986 година дала сондата на Џото, која се приближила до кометата на растојание до 600 километри и  го фотографирала нејзиното јадро. Јадрото на кометата е изградено од карпи, мраз и непознат матријал. На површината на кометата се наоѓа дебела. темна кора со непознат хемиски состав


Friday, October 23, 2015

Жупа

Жупа се наоѓа во западните падини на планината Стогово, почнувајќи од селото Горенци на север  па се до селото Елевци и Долгаш на југ.Источната граница на пределот води по сртот на планината Стогово, а на запад ја чини бреговите на Дебарското езеро. Во неа постојат 18 села. Како средишна населба која денес е и средиште на општината е Центар Жупа.
Жупа се дели на горна и долна жупа. Во Долна Жупа спаѓаат селата Праленик,Кочишта,Житинени,Бајрамовци,Мал и голем Папрадник, Броштица Горенци, Парешта, Боланци, Центар жупа и црно обоци. Во Горна жупа спаѓаат селата Елевци, Евла,Новак,Коџаџик и Брештани. На територијата на Центар Жупа се наоѓаат припаѓаат уште две села Горно и Долно Мелничани но тие не припаѓаат во етничкиот предел Жупа.


Магистрални патишта

  • Магистрален патен правец M-1 Од Табановце преки Куманово-Миладиновце-Велес и Гевгелија до граничен премин Богородица на грчко - Македонската граница. Должина 174,2 кмсе води под името Е-75. Изграден е како делод автопатот Братство Единство во поранешна Југославија во периодот од 1959 година до 1964.
  • Магистрален пат  М-2 од Куманово преку Ранковце-Крива Паланка до Деве Баир должина 73,8км 
  • Магистрален пат М-3 Петровац-Скопје-до Блаце Македонско српската граница должина 40,3
  • Магистрален пат М-4  од Миладиновце Скопје-Тетово Гостивар-Кичево Подмоње Струга-до Ќафасан должина 194 км
  • Магистрален пат М-5 Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Делчево- граничен премин должина332,2 км Тој е најдолгиот магистрален  во Републиката.
  • Магистрален пат М-6 поаѓа од Штип -Радовиш Стрмица до Ново Село  должина 94,4 км
Меѓународни патишта
Е-75,
Е-871 (Куманово-ДевфеБаир-Софија)
Е-65 - Шведска (Малме), Полска (Шчеќин), Чешка (Брно)Словачка (Братислава) Унгарија, Хрватска (Загреб, Карловац, Ријека Сплит) Црна Гора (Подгорица), Косово (Приштина), Македонија (Скопје, Битола) Грција (Кожани, Хања)
Е-850 Италија (Бриндизи), Албанија (Драч), Македонија (Ќафасан Струга, Подмоље
 кај Охрид)

Thursday, October 22, 2015

Беломорско-балтичкиот канал

Беломорско-балтичкиот канал е морски канал кој ги поврзува Белото море со Балтичкото море. Долг е 227 км што го прави еден од најголемите во светот. Денес каналот служи само за лесен сообраќај и по него дневно поминуваат помеѓу 10 и 40 бродови. Каналот поминува од Белото море преку езерото Вигозеро до езерото Оњега. Оттука продолжува по реката Свир до езерото Ладога, а потоа по реката Нева до Балтичкото море. Завршува кај градот Санк Петербург



Балтичко море

Балтичко море се наоѓа  во северна и североисточна Европа и со Северното море е поврзано со теснеците Кагарак и Категат кои се наоѓаат помеѓу Данска од една и Скандинавскиот попуостров од друга страна. Поради неговата голема географска ширина, малите протоци со Северното море кои не дозволуваат голема размена на вода, големиот прилив на слатка вода и ладна клима, ова море е едно од најслатките мориња во светот. Поедини негови делови во текот во годината се замрзнати, поради затвреноста со Северното море  слабото влијание на голфската струја. Вкупната површина на ова море изнесува  422.300 км/2. Најголема длабочина достигнува 459 м.
 На неговите брегови излегуваат Данска, Шведска. Финска, Русија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија. Според важноста на земјите кои овде се наоѓаат, како и според обемот на сообраќајот кој овде се одвива, Балтичкото море може да се нарече "Северно" Средоземно море.
Тука се наоѓаат заливите Висмарски залив Грајфсвалдски залив, Висмарски залив, Гдањски залив Либечки залив Екеренфердски залив, Невски залив, Померански залив Мекленбуршки залив, Ришки залив, Фински залив и Ботниски залив и Шчеќински залив
Острови во Балтичкото море Готланд, Сарема, Еланд, Лоланд, Оланд, Хиума,Риген, Борнхолм, Кимитоен, Фалстер, Узедом, Волин, Мен, Хајлуото, Муху, Фемарн, Вермде

Tuesday, October 20, 2015

Тектонски целини

Највисок врв во родопската зона
 Руен 2252 (Осоговски планини)
Највисок врв во Повардарјето
 врв Рамно 1651 (Скопска црна гора)
Највиосок врв во пелагонија
Солунска глава 2538 ( Мокра планина)
Највисок врв во Шарскиот предел
Голем Кораб  2764 

Monday, October 19, 2015

Најдолгата клисура во Р Македонија

Скочивирската клисура со преку 80 км преставува најдолгата клисура во земјава. Започнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешката котлина. Низ клисурата тече реката Црна (најголемата десна притока на Вардар). Реката тече всечена во кристалести шкрилци (гнајс) и намсеста со гранити. Оваа клисура уште е позната како мариовска клисура

Saturday, October 17, 2015

Црно море

Црното море преставува типично континентално море расположено меѓу млади верижни планини. Од запад Стара планина од исток Кавказ од север руската табла и југ понтиските планини. Во овие рамки зафаќа површина од 422.000 км /2 со правец на пртегање запад-исток (во должина од 1.160 км) со максимална длабочина од 2.224 метри утврдена јужно од кримскиот полуостров. Просечната длабочина е 1.154 м. Со протоците босфор и Дарданели, црното море има врска со Мраморното и Егејското море, а на север преку протокот керч е поврзано со Азовското море. Во црното море се влеваат големи реки како што се Дон, Дњепар, Дњестар, Дунав, Бук и друго. Провидноста  на Црното море изнесува само 20 метри, покрај морскиот брегот првиденоста е уште помала, малата провидност е последица на големиот наносен матријал што го внесуваат реките, малиот солинитет и составот на морското дно кое не е варовничко како што е случајот со јадранското море. Држави кои излегуваат на бреговиоте на црното море се Турција, Бугарија, Романија, Украина, Русија, Грузија автономната Република Крим-  составен дел од Украина




Thursday, October 15, 2015

Географски гафови на CNN


Се почесто се случува водечката новинарска телевизија CNN да прави географски гафови на светско ниво. Повеќето американци се со ограничено географско познавање за светот. - многумина тоа го објаснуваат дека е последица од образовниот систем во Сад која не дава приоритет на запознавање на географијата надвор од рамките на сопствената земја. 
Еве некои гафови на CNN










Saturday, October 10, 2015

На денешен ден 10 Октомври

На денешен ден 10 Октомври 1970 година
 Фиџи добива независност од Велика Британија


Friday, October 9, 2015

На денешен ден 9 Октомври

На денешен ден во 1962 година Уганда станува независна од Велика Британија


Thursday, October 8, 2015

Дебарца

Местоположба 
Дебарца е котлина во западниот дел на Македонија. Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караорман од запад. Зафаќа површина од 368 км/2. Низ средината на Дебарца води магистралниот пат М-4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на Северна, Средна и Долна Дебарца. Геолошкиот состав го правата филитоидни метаморфити, карбонатни и магматски карпи како и езерски, алувијални, делувијални и моренски седименти. Климата е умерено континентална. Реката Сатеска преставува главна одводна артерија на целото подрачје. Во Дебарца постојат 24 селски населби, сите се декларираат како етнички македонци. Централна населба е Белчиште, а најголемо село е Велмеј. Цела Дебарца е зафатена со силен миграционен бран, по бројот на населението денеска во голема мера е намален

Monday, October 5, 2015

Највисока котлина во Македонија

Поглед кон котлината со езерото
Мавровската Котлина е највисока котлина во Македонија. Се наоѓа помеѓу планините Бистра на југ и разграноците на Шар Планина, Кожа и Крстови на запад и исток, на надморска височина од 1.200 m. Зафаќа површина од 92 km². Преку превојот Бунец  (1.318 m), на исток е поврзана со Полошка котлина. Плиоценот  имало езеро, за кое сведочат плиоцените седименти. Во котлината се наоѓа познатата мавровска акумулација. Котлината е формирана со неотектонски движења и за време на
Во самата котлина има неколку селски населби, меѓу кои најпозната е с Маврово, кое е еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија. Низ котлината, покрај мавровската акумулација минува една од главните комуникациски правци:Скопје- Гостивар-Маврови Анови -Дебар

Thursday, October 1, 2015

Планини во Шарскиот предел    Тука 
Котлини во Шарскиот предел     Тука