Saturday, October 17, 2015

Црно море

Црното море преставува типично континентално море расположено меѓу млади верижни планини. Од запад Стара планина од исток Кавказ од север руската табла и југ понтиските планини. Во овие рамки зафаќа површина од 422.000 км /2 со правец на пртегање запад-исток (во должина од 1.160 км) со максимална длабочина од 2.224 метри утврдена јужно од кримскиот полуостров. Просечната длабочина е 1.154 м. Со протоците босфор и Дарданели, црното море има врска со Мраморното и Егејското море, а на север преку протокот керч е поврзано со Азовското море. Во црното море се влеваат големи реки како што се Дон, Дњепар, Дњестар, Дунав, Бук и друго. Провидноста  на Црното море изнесува само 20 метри, покрај морскиот брегот првиденоста е уште помала, малата провидност е последица на големиот наносен матријал што го внесуваат реките, малиот солинитет и составот на морското дно кое не е варовничко како што е случајот со јадранското море. Држави кои излегуваат на бреговиоте на црното море се Турција, Бугарија, Романија, Украина, Русија, Грузија автономната Република Крим-  составен дел од Украина




No comments:

Post a Comment