Wednesday, December 9, 2015

Абразивен релјеф


Крај океаните, морските и езерските брегови постојат форми на релјеф формирани со ударната сила на брановите. Тие форми ги викаме абразивни форми, а самата работа на брановите абразија. Работата на брановите се состои во разорувањето на брегот, пренмесување на одронетиот матријал и негово таложење Абразијата и формирањето на абразивниот релјеф се најизразени крај стрмните брегови изложени на постојани и силни ветрови. Процесот на абразија зависи и од геолошкиот состав на карпите од кои е изграден морскиот брег, како и од правецот на  протегањето на слоевите. Во зависност од начинот на формирање нив ги делиме на крајбрежни ерозивни и крајбрежни акумулативни форми
Од ерозивните абразивни форми најважни бранов поткоп, клиф, крајбрежна тераса и континентален отсек
Крајбрежни акумулативни абразовани форми се формираат со таложување на ситниот матријал настанат со уривање и одронување на брегот. Со акумулација на ситниот песок се формира низок песочен брег(жало). 

No comments:

Post a Comment