Тианзи планини се дел од националниот парк во Кина, од 1992 година се наоѓа под заштита на унеско како дел од светското природно богатство, овој простор има исклучително посебни предели и пејсажи . Тианзи на локален дијалект значи "Син Рај". Националниот парк се простира на 67 км/2 и го сочинуваат повеќе од 3100 кемени столбови од кои некои се високи и повеќе стотини метри. Овие планини настанале од кварцни карпи пред 400 милиони години.
Во текот на последните 2 милиони години подрачјето било изложено на тектонски поместувања неизменично кревање и спуштање на земјината кора. За тоа време водата со процесот на денудација го преобликувала релјефот. Оваа природна убавина била искористена во снимањето на многу документарни серии а во поново време тука режисерот Џејмс Камерун за планетата Пандора и другите потреби на филмот Аватар режисерот ги искористил овие планини за снимање на овој филм .
No comments:
Post a Comment