Monday, October 31, 2016

Најголемиот корален гребен на светот

Големиот корален гребен е најголемиот корален гребен на светот. Се наоѓа во Коралното море блиску до брегот на Квисланд на североисточниот дел на Австралија. Има должина од  над 2.000 км , а може да се види и од вселената. Големиот корален гребен за прв пат станал познат на Европејците кога истражувачот Џејмс Кук стигнал тука на 11 јуни 1770 год. Најстарите делови на гребенот датираат пред околу 60.000 години. Големиот корален гребен е збир од околу 900 острови и преку 3.000 гребени, кои во главно се наоѓаат на релативно мала оддалеченост од брегот на континентот. Некои научници сметаат дека најголема закана за иднината на големиот корален гребен  е глобалното загревање.


No comments:

Post a Comment