Monday, April 17, 2017

ТОНИВОДА

Патувајќи кон планинското село Галичник веднаш по поминувањето на областа Царевец се појавува една голема прекрасна висорамнина со голем број мали езерца, и во следните 2 километра патот води низ оваа висорамнината. Таа е позната како Тонивода причината на називот е поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец. Објаснувањето за пропустливоста на камењата е едноставна тонивода преставува огромно карсно поле, второ по големината на Бистра, (на планината Бистра има 13 карсни полиња познати картсни полиња на Бистра се Говедарник, Султаница, Бардаш,Суво Поле, Долно и горно Полце Соломуница и др)
 иако и самата рекичка која поминува низ неа истотака е позната како Тонивода.
 Поради постојаната загуба на вода, за време на доцна пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди на врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода




Thursday, April 6, 2017

Планина Каракорум

Планина Кракорум е планински ланец во Азија, се протега во Пакистан, Кина  и Индија. Претставува еден од најголеми ланци на светот. 
Ланецот содржи преку 60 врвови повеќе од 7000 м , од кој најпознат е врвот К2 (8611 М) втор највисок врв во светот. Ланецот е долг околу 500 км најголем дел се наоѓа во Пакистан.  Поради тешко пристапниот терен  ова подрачје е ретко населено



Sunday, April 2, 2017

Натпревар по Географија

На ден 1 Април 2017 година во просториите ОУ Единство се одржа регионалниот натпревар по Географија за основни и средни училишта. Во овој натпревар зедоа учество натпреварувачи од сите основни училишта од општина Гостивар 
 Почетокот на натпреварот започна после 10:00 . Првите освоени места се стекнуваат со право за учество на претстојниот државен натпревар по Географија.