Monday, April 17, 2017

ТОНИВОДА

Патувајќи кон планинското село Галичник веднаш по поминувањето на областа Царевец се појавува една голема прекрасна висорамнина со голем број мали езерца, и во следните 2 километра патот води низ оваа висорамнината. Таа е позната како Тонивода причината на називот е поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец. Објаснувањето за пропустливоста на камењата е едноставна тонивода преставува огромно карсно поле, второ по големината на Бистра, (на планината Бистра има 13 карсни полиња познати картсни полиња на Бистра се Говедарник, Султаница, Бардаш,Суво Поле, Долно и горно Полце Соломуница и др)
 иако и самата рекичка која поминува низ неа истотака е позната како Тонивода.
 Поради постојаната загуба на вода, за време на доцна пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди на врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода




No comments:

Post a Comment