Џиновскиот мравојед има тенко тело покриено со долго крзо. Главата му е исто така мала, а носот и горната уста му се продолжени во долго рило. На предните нозе има големи, српесто свиени канџи,со кои отвара мравјалниции термитници. Ги наоѓа со помош на изострено сетило за мирис, додека слухот и видот му се послабо развиени. Заби воопшто нема, но јазикот му е исклучително долг ( повеќе од 60 цм) , мускулест и покриен со боцкичкии леплива лига. Со таквиот рапав и леплив јазикизвлекува мраквки и термити со кои се храни. Мравоједите се активни и дење и ноќе, а спијат вошупливи дрвја или грмушки при тоа околу телото јас обвиткуваат бушавата опаѓка. Одат полека и притоагазат на горната страна на предното стапало за да не ги оштетат канџите, додека со задните нозе газат со целото стапало. Со канџите можат да се бранат од предатори., иако најчесто бегаат во случај на опасност. Женките котат по едно младо, кое најдолго го носат на грб.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ:
Јужна Америка
No comments:
Post a Comment