Monday, March 23, 2020

СООПШТЕНИЕ !

Поради моменталната состојба со ширење на вирусот Корона ( КОВИД19) јас како предметен наставник во услови на кризна состојба ви го испраќам следново  соопштение. 
Со цел да се ублажат штетите од вирусот кои веќе се чувствуваат во наставниот процес, јас сум целосно посветен на својата професија, за таа цел изготвувам соодветен матријал со презентации , планови и домашни работи наменето за учениците од ООУ Единство" Гостивар

Веќе од  16.03.2020  сите учениците од VI одд. , VII одд. и IX одд.  во посебни групи во messenger, viber, e-mail и classroom добиваат соодветен матријал .


Страницата meridijani.blogspot.mk нуди можност за вежби и проверка на знаењето од областа на Географијата. На задоволство на авторот, страницата веќе е доста проширена на webстраниците и социјалните мрежи, каде ја користат голем број мои колеги професори и наставници за реализирање на наствата по Географија ширум нашата  држава. 

Благодарам за вниманието.

СЕДИ ДОМА И ОБРАЗУВАЈ СЕ


Sunday, March 22, 2020

Friday, March 13, 2020

Видови водопади

Според генетската класификација водопадите се делат на  тектонски, ерозивни и акумулативни.
Тектонските водопади се јавуваат на одсеци со раседно потекло. Во зависност од износот на раседниот скок ваквите водопади може да имаат и голема височина. Таков е водопадот Тугела во Јужна Африка висок 933 m, Викториините водопади на реката Замбези се високи 120 m.
Ерозивни водопади настануваат со поткопување на помеките карпи што се наоѓаат во подината, а преку кои лежат поотпорни карпи. Со селективна ерозија побргу се однесуваатпомеките карпи.
Со тоа доаѓа до создавање на ерозивни карпесто отсек на речното корито, односно до појава на водопад. Такви се водопадите на реката Нијагара високи 51 m.
Ерозивните водопади може да се создадат и со интензивно вертикално всекување на главната река. На местото на вливот на нејзините притоки , кои поспоро се всекуваат настануваат водопади. Ерозивните водопади се јавуваат и меѓу страничните ( висечки) и главната глечерска долина валов, а чести се и на страните на фјордовите. Таков е Јесемитскиот Водопад висок 739 m,  водопадите во Норвешка и др.
 Акумулативни водопади се создаваат на карстните терени каде во коритата на реките се акумулираат  бигрени наслаги. Со нивното нараснување на речното корито  се создаваат бигрени прегради преку кои водениот трк паѓа во вид на водопад. Такви се водопадите на Плитвичките езера. На сличен начин настануваат и травертинските  каскади и басенчиња кај термалните извори и водните текови. Во подножјето на водопадите се создаваат џиновски лонци, т.е бунарести вдлабнатини во карпестото речно корито.

Карта ВОДОПАДИ

Saturday, March 7, 2020


На ден 07.03.2020 година  во "ООУ Единство"  Гостивар се одржа регионалниот натпревар по Географија.

На натпреварот земаа учество голем број ученици.
Пласман за државниот натпревар обезбедија следние ученици 

1. Виктор Максимоски 90 бода (Ментор Оносимоски Дарко)
2. Никола Цветаноски 85 бода (Ментор Живко Богоески)
3. Матеја Јованоска  84 бода (Ментор Живко Богоески)

Државниот натпревар по географија ќе се одржи на 25.04.2020 год во Скопје

Sunday, March 1, 2020

Највисокиот врв на Антартикот

Врвот Винсон е највисокиот  врв на Антартикот. Врвот е висок 4.892 метри. Највисоката точка на Антартикот се наоѓа во северниот дел на Винсон масивот. Винсот масивот е голем масив чија должина изнесува 21 метри а, ширина достигнува 13 км. Винсон масивот е откриен  во јануари 1958 од страна на американските  војници.