Friday, March 13, 2020

Видови водопади

Според генетската класификација водопадите се делат на  тектонски, ерозивни и акумулативни.
Тектонските водопади се јавуваат на одсеци со раседно потекло. Во зависност од износот на раседниот скок ваквите водопади може да имаат и голема височина. Таков е водопадот Тугела во Јужна Африка висок 933 m, Викториините водопади на реката Замбези се високи 120 m.
Ерозивни водопади настануваат со поткопување на помеките карпи што се наоѓаат во подината, а преку кои лежат поотпорни карпи. Со селективна ерозија побргу се однесуваатпомеките карпи.
Со тоа доаѓа до создавање на ерозивни карпесто отсек на речното корито, односно до појава на водопад. Такви се водопадите на реката Нијагара високи 51 m.
Ерозивните водопади може да се создадат и со интензивно вертикално всекување на главната река. На местото на вливот на нејзините притоки , кои поспоро се всекуваат настануваат водопади. Ерозивните водопади се јавуваат и меѓу страничните ( висечки) и главната глечерска долина валов, а чести се и на страните на фјордовите. Таков е Јесемитскиот Водопад висок 739 m,  водопадите во Норвешка и др.
 Акумулативни водопади се создаваат на карстните терени каде во коритата на реките се акумулираат  бигрени наслаги. Со нивното нараснување на речното корито  се создаваат бигрени прегради преку кои водениот трк паѓа во вид на водопад. Такви се водопадите на Плитвичките езера. На сличен начин настануваат и травертинските  каскади и басенчиња кај термалните извори и водните текови. Во подножјето на водопадите се создаваат џиновски лонци, т.е бунарести вдлабнатини во карпестото речно корито.

Карта ВОДОПАДИ

No comments:

Post a Comment