Титиов врв, уште е познат како Турчин или Шар е меѓу најубавите, а воедно и највисок врв на Шар Планина и втор по височина во Република Македонија. Изграден е од мезозојски варовници, доста распукан и оголен. Инаку има пирамидална форма. Околу самиот врв, поради силно мразно разорување се јавуваат камени реки и сипари. Северозападно од врвот е изворот на р. Пена на која се протега преубав видик, а јужно се наоѓаат неколку глацијални езера меѓу кои најинтересните се Белото и Боговинското
езеро.
No comments:
Post a Comment