Wednesday, April 7, 2021

Најголемото/ високото/длабокото во Македонија

НАЈВИСОК  ВОДОПАД ВО МАКЕДОНИЈА?

Корапскиот водопад на Длабока Река. Воедно е и највисокиот водопад и на Балканот со висина од над 130 метри;

НАЈДЛАБОКА ПЕШТЕРА ВО МАКЕДОНИЈА?

Врело - Скопје, длабочина од 230 метри што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа;

 ПЕШТЕРА СО НАЈГОЛЕМ ОТВОР ВО МАКЕДОНИЈА?

Пештерата Пешна, Македонски Брод. Пешна е пештера со најголем отвор во Македонија, но и на Балканот. Висината на отворот изнесува 40 метри, а широчината 56 метри. Должината на пештерата е 124 метри;

НАЈДОЛГА КЛИСУРА ВО МАКЕДОНИЈА?

Скочивирска Клисура — клисура во средниот до јужниот дел на Македонија која, со преку 80 км, претставува најдолгата клисура во земјата. Почнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешијата;

НАЈГОЛЕМО ПРИРОДНО ЕЗЕРО ВО МАКЕДОНИЈА?

Охридско езеро. Површина 358,2 км2, должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км.;

НАЈГОЛЕМО ЛЕДНИЧКО ЕЗЕРО ВО МАКЕДОНИЈА?

Боговињско Езеро, Шар Планина.

Долго е 452 метри, широко 225 метри и длабоко 2,20 метри. Должината на бреговата линија му изнесува 1200 метри; 

 НАЈГОЛЕМО ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО ВО МАКЕДОНИЈА?

Козјак. Езерото е долго 32 км,  длабоко 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри;

 НАЈГОЛЕМА ПЛАНИНА ВО МАКЕДОНИЈА?

Шар Планина.Самата планина зафаќа површина од 1.600 км2. 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Македонија, 43,12% на Косово, а останатиот дел од 0,63% на Албанија.

Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км.;

НАЈВИСОК ПЛАНИНСКИ ВРВ ВО МАКЕДОНИЈА?

Голем Кораб — највисокиот врв на планината Кораб и воедно највисок врв во Република Македонија. Се наоѓа на границата меѓу Македонија и Албанија. Висок е 2.753 метри;

НАЈГОЛЕМ НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО МАКЕДОНИЈА?

Националниот парк Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е за национален парк во 1948 година;

НАЈГОЛЕМ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА?

Скопје, главниот град на државата. Зафаќа површина од 1.818 м2.

Според пописот од 2002 година, градот имал 506.926 жители. Според некои проценки од 2015 година во градот живеат 811.045 жители;

НАЈГОЛЕМА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА ПО БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ?

Куманово. 105.484 жители;

НАЈГОЛЕМА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА ПО ПОВРШИНА?

Прилеп. Општината опфаќа површина од 1.198 км2;

НАЈГОЛЕМО СЕЛО ВО МАКЕДОНИЈА?

(Според број на население) Драчево. За селото и населбата Драчево се водат одделни статистички податоци. Според пописот од 2002 година, селото Драчево броело 8.641 жители, а населбата Драчево броела 10.605 жители;

 НАЈВИСОКО СЕЛО ВО МАКЕДОНИЈА?

Кракорница,  село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.530 м, со што претставува највисоко населено место во Македонија. Според пописот од 2002 година во селото живеат 15 жители;

 НАЈВИСОК ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА?

Крушево, 1250 метри надморска височина;

НАЈГОЛЕМА КОТЛИНА ВО МАКЕДОНИЈА?

Пелагонија. Просечна надморска височина на рамнината изнесува 650 метри и се движи од 710 до 615 метри во Прилепското Поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле со вкупна површина од 120,600 хектари;

НАЈДОЛГА РЕКА ВО МАКЕДОНИЈА?

Вардар. Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2;

НАЈГОЛЕМ ОСТРОВ ВО МАКЕДОНИЈА?

Островот Голем Град на Преспанско Езеро.

Зафаќа површина од 0,18 км2. Највисокото издигнување на островот е 900 метри;

No comments:

Post a Comment