Лефкада или Лефкос по големина е четврт јонски остров еден од најголемите што и припаѓа на Грција. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културно историска традициија. Административно Лефкада заедно со неколку помали околни острови го сочинуваат округот Лефкада. Најважно и најголемо место е истоимениот град Лефкада. Вкупната површина на островот е преку 300 км/2. Островот е одвоен од копното со проток, широк околу 2 км но споен со мост. Северно од Лефкада се наоѓа Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Лефкада е главно карпеста и ридеста. Постојат неколку мали плодни долини. Климата на островот е средоземноморска со долги топли лета и благи и врнежливи зими.
No comments:
Post a Comment