СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, July 14, 2015

Лефкада

Лефкада или Лефкос по големина е четврт јонски остров еден од најголемите што и припаѓа на Грција. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културно историска традициија.  Административно Лефкада заедно со неколку помали околни острови го сочинуваат округот Лефкада. Најважно и најголемо место е истоимениот град Лефкада. Вкупната површина на островот е преку 300 км/2. Островот е одвоен од копното со проток, широк околу 2 км но споен со мост. Северно од Лефкада се наоѓа Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Лефкада е главно карпеста и ридеста. Постојат неколку мали плодни долини. Климата на островот е средоземноморска со долги  топли лета и благи и врнежливи зими. 

No comments:

Post a Comment