Wednesday, September 30, 2015
Sunday, September 27, 2015
Проток
Проток (теснец или мореуз) — тесна водна површина која поврзува две поголеми водни површини. Честопати се оденсува на воден премин сместен помеѓу две копнени маси. Поимите "канал" или „премин“ можат да бидат синонимни со „проток“, иако можат да се разликуваат по други основи. Во Шкотска, протокот често се нарекува „ферт“ (firth) или „кајл“ (kyle). Многу протоци имаат стопанско значење како морски минувалишта и поради тоа, во историјата биле повод за многу војни. Во светот има разни вештачки канали ископани за да поврзат две водни површини, од кои попознат пример е Суецки канал. Иако реката и каналот исто така можат да бидат премин помеѓу две водни површини, тие не се карекуваат протоци. Протокот е обично доста поголем и подразбира морска околина. Постојат неколку исклучоци од ова правило, каде класичен проток се нарекува канал.
Wednesday, September 23, 2015
Делчевска или Пијанечка котлина
Пијанец се наѓа во горното течение на реката Брегалница.Пиајнец има меридијански правец на протегање југ север во должина 15–16 км, а ширина 4–5 км. Пијанец е тектонска котлина што настанала помеѓу планините Влаина од исток, Голак од запад и ограноци од Осоговските плнини на север. Од соседната Беровската котлина е одвоена со хорстот – планинатаа Бај тепе Тепе. Зафаќа површина од 590 км². Дното на котлината е на височина 560–580 м. Во текот на плиоценот во котлината егзистирало езеро, кое кон крајот на плиоценот и почетокот наплеистоценот, почнува да истекува преку најнискиот дел предиспониран со раседнување, помеѓу ограноците на Голак и на Осогово, при што е создадена длабоката клисура на Брегалница. Континенталната клима е погодна за развој на овоштарството посебно за сливарството
Tuesday, September 22, 2015
Најголемото глацијално езеро на Јабланица
Подгоречкото езеро е најголемото глацијално езеро на Јабланица. Има вкупна површина од 3.999 m². Максималната издолженост во правец североисток-југозапад изнесува 226 m , а во правецот север-југ 175 m. Неговата најголема длабочина е 10 m. Езерото прима вода од потоци и атмосферски талози, кои подоцна преку еден поток истекуваат од езерото. Езерото се наоѓа на надморска височина од 2000 меттри.
Monday, September 21, 2015
Sunday, September 20, 2015
Friday, September 18, 2015
Wednesday, September 16, 2015
Плитвичките езера
Плитвичките езера се речно -карсни езера. Тие се настанати со преградување на коритото на Реката Корана со таложење на бигор. Овие еера го сочинуваат група од 16 скалесто поредени помали или поголеми езера. Тие се единствени во светот и една од најголемите туристички врености во Хрватска. За да се сочува оваа природна реткост, целото подрачје околу нив е прогласено з национален парк. Од 1979 година е вклучено во списокот на Унеско како светска наследство.
Tuesday, September 15, 2015
Monday, September 14, 2015
Saturday, September 12, 2015
симболот на Брисел
АУТОМИУМ |
Thursday, September 10, 2015
Tuesday, September 8, 2015
Saturday, September 5, 2015
Најголемото алпско езеро
Женевското езеро е најголемото од сите алпски езера и прави широка полумесечина заедно со рекара Рона која во него се влева во југоисточниот крај, а излегува на југозападниот.Иако езерото во најширокиот дел има само 14 км, силните ветрови можат да предизвикаат силни бури што повеќе се својствени за морињата и внатрешноста на копното. Северниот брег е густо населен, а најважни градови се Женева и Лозана. Падините по долината на езерскиот брег, свртеи кон југ, претставуваат најголеми лозарски области во Швајцарија
Thursday, September 3, 2015
Нов Зеланд со листа на идеи за ново знаме
По примени над 10.000 идеи за дизајн на новото знаме, од кои повеќето беа ѓега, комисијата составена од 12 луѓе го намли иборот на четири идеи.
Финалните предлози содржат симболи важни за Нов Зелнд, како на пример , лист од папрат, соsвездие и кора, дизајн кој го претставува новиот живот, растот на силата. Новозеланѓаните ќе можат да гласаат за знамето преку пошта, од самите домови кон крајот на годината. Сепак постои можност да си го задржат досегашното знаме. Ова се финалните идеи за знамето
Tuesday, September 1, 2015
Градот музеј, град на илјада прозорци
Градот Музеј Берат и најубавиот град во Албанија, се наоѓа во јужниот дел од државата, по многумина најубавиот град во оваа наша соседна држава. Овој добро сочуван некогашен отомански град некој го сметаат дури за еден од најубавите на Балканот.Причината за тоа не лежи само во архитектурата на градот, туку и во неговата историја која таа архитектура тука ја "нацрта" Од 6 век п.н.е кога овде престојувало племето Десарет, преку Римјаните во 2 век и византија после поделбата на римското царство, ова место имало важно стратешко значење. Во византискиот период градот бил познат како Пулхериополис. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа Џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои припаѓаат на Албанската православна црква
Највисокиот врв во Севрна Америка го менува името
При историската посетата на американскиот претседател во Аљаска, објави дека името на највисокиот врв на континентот ќе се именува со името Денали. Барак Обама го враќа старото име на највисокиот врв во С Америка и наместо Меккинли, ќе се вика Денали. Врвот во Аљаска го врача претходното име за овој врв. Данели се преведува како "високо" или "огромно".Локалното население масовно го користат името Денали, иако неговото официјално име е именувано според 25 тиот претседател на САД вилијам Мекинли, но месното население продолжува врвот да го именува со старото име Денали. Оваа промена Барак Обама ја најави при тридневната посетата на Аљаска на конференцијата посветена за глобални лидерство на Арктикот, организирана од Стејт департментот во Енкориџ. можеби ова е крај на историскиот спор за името на највисокиот врв во Севрна Америка Денали-Меккинли
Најголемиот глечер во Европа
Алеч е најдолг и најголем глечер во Европа. Алеч се наоѓа на јужните падини на Бернските Алпи во Швајцарија.
Глечерот се спушта по долината меѓу врвовите Јунгфрау и Менх на височина од 3.454 ми се движи кривулесто јужно кон долината на Рона. На својот пат поминува низ ледено плато Конкордијаплав во подножјето на Јунгфрау, каде се соединува со други глечери. Длабок е до 900 м додека ледот му сае движи со брзина од околу 200 м годишно