СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, September 27, 2015

Проток

Проток (теснец или мореуз) — тесна водна површина која поврзува две поголеми водни површини. Честопати се оденсува на воден премин сместен помеѓу две копнени маси. Поимите "канал" или „премин“ можат да бидат синонимни со „проток“, иако можат да се разликуваат по други основи. Во Шкотска, протокот често се нарекува „ферт“ (firth) или „кајл“ (kyle). Многу протоци имаат стопанско значење како морски минувалишта и поради тоа, во историјата биле повод за многу војни.  Во светот има разни вештачки канали ископани за да поврзат две водни површини, од кои попознат пример е Суецки канал. Иако реката и каналот исто така можат да бидат премин помеѓу две водни површини, тие не се карекуваат протоци. Протокот е обично доста поголем и подразбира морска околина. Постојат неколку исклучоци од ова правило, каде класичен проток се нарекува канал.
НазивШирина (km)Дубина (m)Положај
Баб-ел-Мандебдо 25,729-311Црвено море - Арабијско море(Аденски залив)
Басов мореуз200-224до 88Аустралија - Тасманија
Берингов мореуздо 85,9до 40Северни ледени океан - Берингово море
Босфор0,66-4,637-50Мраморно море - Црно море
Гибралтар (мореуз)13 - 37760-1000Средоземно море - Атлантски океан
Дарданели4-553-106Егејско море - Мраморно море
Доверски теснац3230Канал Ламанш - Северно море
Ересунд4,8-4825Балтичко море - Категат
Јукатански мореуздо 217до 2000Мексички залив - Карипско море
Каримата200до 200Јужнокинеско море - Јаванско море
Корејски пролаз19090Јапанско море - Источнокинеско море
Ла Перузов пролаз4351-118Јапанско море - Охотско море
Магеланов пролаздо 5042-320Атлантски океан - Тихи океан
Макасарски пролаз96-370до 2457Јаванско море - Целебеско море
Малајски пролаз20-21550Андаманско море - Јужнокинеско море
Месински пролаз3-16до 1046Сицилија - Апенинско полуострво
Ормуски пролаз55-9566-146Омански залив - Персијски залив
Отрантска врата75- 140700-1000Јадранско море - Јонско море
Палков мореуз3,2-7,42-15Индија - Цејлон
Северни пролаз20до 265Атлантски океан - Ирско море
Хадсонов пролаз64-240942Атлантски океан - Хадсонов залив

Wednesday, September 23, 2015

Делчевска или Пијанечка котлина



Пијанец се наѓа во горното течение на реката Брегалница.Пиајнец има меридијански правец на протегање југ север во должина 15–16 км, а ширина 4–5 км. Пијанец е тектонска котлина што настанала помеѓу планините Влаина од исток, Голак од запад и ограноци од Осоговските плнини  на север. Од соседната Беровската котлина  е одвоена со хорстот – планинатаа Бај  тепе Тепе. Зафаќа површина од 590 км². Дното на котлината е на височина 560–580 м. Во текот  на плиоценот во котлината егзистирало езеро, кое кон крајот на плиоценот и почетокот наплеистоценот, почнува да истекува преку најнискиот дел предиспониран со раседнување, помеѓу ограноците на Голак и на Осогово, при што е создадена длабоката клисура на Брегалница. Континенталната клима е погодна за развој на овоштарството посебно за сливарството

Tuesday, September 22, 2015

Најголемото глацијално езеро на Јабланица

Подгоречкото езеро е најголемото глацијално езеро на Јабланица. Има вкупна површина од 3.999 m². Максималната издолженост во правец североисток-југозапад изнесува 226 m , а во правецот север-југ 175 m. Неговата најголема длабочина е 10 m. Езерото прима вода од потоци и атмосферски талози, кои подоцна преку еден поток истекуваат од езерото. Езерото се наоѓа на надморска височина од 2000 меттри.

Monday, September 21, 2015

На денешен ден 21 Септември


На денешен ден 21 септември 1964 годинa Мaлта станува независна од Велика Бритaнија 



Sunday, September 20, 2015

На денешен ден 20 септември

На денешен ден 20 септември 1519 годин Фердинандо Магелан, во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар  во Шпанија со својата експедиција од 5 брода тргнал, и го почнув своето прво птувње  околу светот со цел да ја  открие Индија

Friday, September 18, 2015

На денешен ден 18 Септември

На денешен ден 18 Септември 1810 годин Чиле објавува независност од Шпанија 

Wednesday, September 16, 2015

Плитвичките езера

Плитвичките езера се речно -карсни езера. Тие се настанати со преградување на коритото на Реката Корана со таложење на бигор. Овие еера го сочинуваат група од 16 скалесто поредени помали или поголеми езера. Тие се единствени во светот и една од најголемите туристички врености во Хрватска.  За да се сочува оваа природна реткост, целото подрачје околу нив е прогласено з национален парк. Од 1979 година е вклучено во списокот на Унеско како светска наследство.

Tuesday, September 15, 2015

На денешен ден 15 Септември

На денешен ден 15 септември 1821 година Коста Рика, Ел Салвадор, Гватамала, Хондурас, Никарагва добиваат независност.





Monday, September 14, 2015

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека најсеверниот главен град е Рекјавик на Исланд, а најужниот главен грaд е Велингтон, на Нов Зеланд

Saturday, September 12, 2015

симболот на Брисел

АУТОМИУМ
Аутомиум е симболот на Брисел, 103 м високa структрата е изгадена за светската изложба 1958 година. Оваа челично алуминиумска конструкција преставува 9 атома на еден алфа железен кристал. Куглите се споени со црева, низ нив може да се пројде и да се стигнедо соби каде се наожа стална изложба , која прикажува добронамерно користење на атомската енергија. Лифтот може да ве однесе до највисоката кугла, каде се наоѓа убав ресторан, од каде се нуди незаборавен поглед кон градот. Денес тоа е најпосетуваната атракција во Брисел

Thursday, September 10, 2015

Мапа

Интересна интерактивна мапа на која во 3д, можете да погледнете како се развивала земјата и формирало копното низ периодите
 Кликни на ЛИНК  
 ЛИНК 


Tuesday, September 8, 2015

Да денешен ден 8 Септември

На денешен ден 8-ми Септмеври Македонија прогласи невисност и самостојна држва

Saturday, September 5, 2015

На денешен ден 6 септември

На денешен ден 6 септември 1968 година Свазиленд добива независности од Велика Британија

Најголемото алпско езеро

Женевското езеро е најголемото од сите алпски езера и прави широка полумесечина заедно со рекара Рона која во него се влева во југоисточниот крај, а излегува на југозападниот.Иако езерото во најширокиот дел има само 14 км, силните ветрови можат да предизвикаат силни бури што повеќе се својствени за морињата и внатрешноста на копното. Северниот брег е густо населен, а најважни градови се Женева и Лозана. Падините по долината на езерскиот брег, свртеи кон југ, претставуваат најголеми лозарски области во Швајцарија

Thursday, September 3, 2015

Нов Зеланд со листа на идеи за ново знаме

 По примени над 10.000 идеи за дизајн на новото знаме, од кои повеќето беа ѓега, комисијата составена од 12 луѓе го намли иборот на четири идеи.
Финалните предлози содржат симболи важни за Нов Зелнд, како на пример , лист од папрат, соsвездие и кора, дизајн кој го претставува новиот живот, растот на силата. Новозеланѓаните ќе можат да гласаат за знамето преку пошта, од самите домови кон крајот на годината. Сепак постои можност да си го задржат досегашното знаме. Ова се финалните идеи за знамето





Tuesday, September 1, 2015

На денешен ден 1 септември

На денешен ден  септември 1971 година Катар прогласува независност од Велика Британија


Градот музеј, град на илјада прозорци

Градот Музеј Берат и најубавиот град во Албанија, се наоѓа во јужниот дел од државата, по многумина најубавиот град во оваа наша соседна држава. Овој добро сочуван  некогашен отомански град некој го сметаат дури за еден од најубавите на Балканот.Причината за тоа не лежи само во архитектурата на градот, туку и во неговата историја која таа архитектура тука ја "нацрта" Од 6 век п.н.е кога овде престојувало племето Десарет, преку Римјаните во 2 век и византија после поделбата на римското царство, ова место имало важно  стратешко значење. Во византискиот период градот бил познат како Пулхериополис. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа Џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои припаѓаат на Албанската православна црква

Највисокиот врв во Севрна Америка го менува името

При историската посетата на американскиот претседател во Аљаска, објави дека името на највисокиот врв на континентот  ќе се именува со името Денали. Барак Обама го враќа старото име на највисокиот врв во С Америка и наместо Меккинли,  ќе се вика Денали. Врвот во Аљаска го врача претходното име за овој врв. Данели се преведува како "високо" или "огромно".Локалното население масовно го користат името Денали, иако неговото официјално име е именувано според 25 тиот претседател на САД вилијам Мекинли, но месното население продолжува врвот да го именува со старото име Денали. Оваа промена Барак Обама ја најави при тридневната посетата на Аљаска на конференцијата посветена за глобални лидерство на Арктикот, организирана од Стејт департментот во Енкориџ. можеби ова е крај на историскиот спор за името на највисокиот врв во Севрна Америка Денали-Меккинли



Најголемиот глечер во Европа

Алеч е најдолг и најголем глечер во Европа. Алеч се наоѓа на јужните падини на Бернските Алпи во Швајцарија.

Глечерот се спушта по долината меѓу врвовите Јунгфрау и Менх на височина од  3.454 ми се движи кривулесто јужно кон долината на Рона. На својот пат поминува низ ледено плато Конкордијаплав во подножјето на Јунгфрау, каде се соединува со други глечери. Длабок е до 900 м додека ледот му сае движи со брзина од околу 200 м годишно