Аралското езеро се наоѓа во југозападните делови на средна Азија. Се наоѓа на надморска височина од 52 метри и од соседното Касписко езеро е за 80 повисоко. Ова езеро е солено и преставува остаток од некогашниот океан Тетис. Аралското езеро територијално е поделено помеѓу Казахстан и Узбекистан. Езерото во минатото била многу поголемо, во последниве 50 година површината е многу намалена. Со вода го снабдуваат реките Аму Дарја и Сир Дарја. Во 1994 година постигнат е договор помеѓу Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан за спас на езерото, во договорот меѓу другот е предвидено секоја земја годишно да издвојува 1 % од својот буџет за спас на езерото, како и да се намали искористувањето реките Аму Дарја и Сир Дарја. Но наместо да имаме позитивнен исход состојбата станува се полоша, езерото се повеќе се повлекува а на негово место се шири пустина. Во 2005 година се превзема некои нови конкретни чекори со цел спас на езерото на северниот дел од езерото во делот на Казхстан. Овие иницијативни мерки донесоа зголемување на нивото на водата.
No comments:
Post a Comment