Деветешка пештера го добила името според најблиското село кое се наоѓа на 10-тина км североисточно од Ловеќ, северен дел од централна Бугарија. Оваа пештера има уште две имиња Маарата и Окната, поради седумте различни отвори кој се наоѓаат на плафонот на пештерата, од каде допираат сончевите зраци. Најраните траги на човековото присуство датира уште од раниот камен период, околу 70.000 години пред новата ера. Се смета за една од најважните пештери, кога се во прашање културните остатоци од времето на неолитот. Главниот влез во пештерата е 35 метри широк и 30 метри висок, после 40 м откако ке влезете во пештерата таа се проширува, обликувајчи просторна сала. Висината на салата е висока неколку десетина метри а во некои делови достигнува дури до 100 метри. Од средишната сала патот се разделува во два правци и достигнува дури 2500 м во најдолгиот дел. Ако ги следиме малите реки, ќе наидете на природно езеро и слапови кој се влеваат во реката Осам. Денес преставува дом за преку 30000 лилјаци. The Expendables 2. Оваа пештера е откриена пред 90 години, а неодамна станала и национален симбол на Бугарија како една од најголемите пештери во Европа. Во 2011 година оваа пештера била користена за снимање на филмот
No comments:
Post a Comment