Лакомецот е еден од најголемите претставници на семејството куни, со должина на телото и преку 1м, а тежина до 15кг. Неговото тело е силно и набиено, како тело на мечка, а прекриено е со долго, густо крзно. Лакомците се мошне агресивни и храбри борци. Благодарејќи на силните раце и нозе и широките стапала можат брзо да трчаат по снег. Освен тоа, можат да се качуваат по дрвја и извонредно пливаат. Мошне се издржливи и иако не трчаат брзо, одеднаш можат да претрчаат 10-15км, а дневно претрчуваат и по 50км. Нивната исхрана е разновидна, се хранат со елени, зајаци, глодари и птици, но и со јајца и бобинки, како и со мрша. Лакомците не спијат зимски сон, туку се активни преку целата година. Брлози прават меѓу корења, под карпи или ги копаат во снежни наноси. Женките котат млади дури еднаш во две години, а потоа 8-10 недели ги хранат со своето млеко и остро ги бранат.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Канада, северозападниот дел на САД, северниот дел на Европа и Азија
No comments:
Post a Comment