Tuesday, July 31, 2018

КРСТОКЛУНЕЦ

Крстоклунецот лесно може да се препознае по необичниот клун, чиј горен и долен дел се вкрстени. целата година. Меѓутоа, кога на некои подрачје нема доволно храна, иако не се птици преселници, преминуваат прилично големи оддалечености во потрага на поповолни подрачја. Женката снесува три или четири зеленкасти јајца и сама лежи врз нив, додека за младите се грижат и двата родители. Мажјаците и женките на крстоклунецот се разликуваат по бојата: мажјаците се обично со портокалова до црвена боја, а женките се зеленикави или жолтеникави.
Со помош на таквиот клун крстоклунците вешто вадат семки од шишарки на борови, смреки, елки и ариши со кои се хранат. Младите крстоклунци имаат рамен клун, како и останатите птици, па родителите мораат да ги хранат. Крстоклунецот има една од најдолгите сезони на размножување меѓу птиците и доколку има шишарки во изобилие, може да се пари во текот на
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Цела Европа, Северна Азија, Северна Африка, Северна Америка

No comments:

Post a Comment