Поткорниците се бубачки, кои во возрасен стадиум имаат цилиндрична форма на телото и заоблени гради кои го прекриваат најголемиот дел од главата. Под тврдата крилна покривка е сместен заден пар кожести крилја за летање. Женките на смрековиот поткорник градат тунели под кората на смреката и во нив полагаат јајца. Кога ларвите ќе се развијат, тие ја гризат кората создавајќи бројни тунели. Секој тунел завршува со излезно дупче од кое излегува развиена бубаќка. Кога ги напаѓаат дрвјата, смрековите поткорници во нив внесуваат габички, поради кои дрвото не може да лачи материи за одбрана од поткорниците и на крајот умира. Меѓутоа, за да им успее тоа, треба да има многу поткорници кои напаѓаат едно стебло, па затоа тие лачат посебни хемиски материи наречени феромони кои ги чувствуваат други поткорници и дури и ако се многу далеку доаѓаат до тоа стебло. Освен тоа, со феромоните меѓусебно се привлекуваат мажјаци и женки.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа и Азија
No comments:
Post a Comment