Оваа птица е чест жител на зимзелени шуми, како на планински, така и на тајги, каде што се гнезди. Зимува во јужните предели, па е честа во паркови и градини. Таа е со атрактивен изглед и лесно може да се препознае по кусиот клун, црната маска, перчето на главата и свиленкастите пердуви. Изразито е друштвена и се здржува во јата, а гнездата ги гради високо на гранки, од трева и гранчиња. Женката снесува 4-6 синкасти јајца од кои по две недели се изведуваат мали птички. Тие поминуваат уште две недели во гнездото, а потоа полетуваат. Воглавно се хранат со разни бобинки и семиња, иако понекогаш јадат и бубачки. Доколку зиме се намали количеството на храна, свилоопашките често во голем број вршат непредвидливи, номадски миграции во јужни краишта. Поради карактеристичниот изглед и однесување, понекогаш ги викаат “маскирани разбојници”.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ: Северна Европа, Азија и Северна Америка
No comments:
Post a Comment