Насловната
Посети
Sunday, May 19, 2024
Резултати од натпреварот по Географија
На ден 18.05.2024 година на факултетот за туризам во Скопје се одржа државен натпревар по Географија. Официјални резултати 7 одделение 1 Стефан П ООУ „Панко Брашнаров" ментор Коста Шупевски Велес 95 ПРВО МЕСТО 2 Милијана Н ООУ „Вера Јоциќ - Скопје“ ментор Драган Димитровски Гази Баба 93 ВТОРО МЕСТО 3 Огнен А ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ ментор Дарко Оносимоски Гостивар 92 ТРЕТО МЕСТ Официјални резултати 8 одделение 1.Стефанија Д ООУ „Тодор Ангелевски" ментор Гордана Богоевска Битола 100 ПРВО МЕСТО 2 Самир Е ООУ „Наим Фрашери" ментор Тела Јусуфи Студеничани 99 ВТОРО МЕСТО 3 Павел И ООУ „Методија Митевски Брицо“ ментор Марина Доневска Лозово 98 ТРЕТО МЕСТО Официјални резултати 9 одделение 1 Лукијан Лазаров ООУ „Кочо Рацин" ментор Марина Гроздановска Центар 9 100 ПРВО МЕСТО 2 Ива Ивановска ООУ „Јан Амос Коменски“ ментор Сузана Јакимовска Карпош 9 99 ВТОРО МЕСТО 3 Анастасија Андова ООУ „Св Климент Охридски" ментор Горан Ѓуроски Македонски Брод 9 98 ТРЕТО МЕСТО
Saturday, May 4, 2024
Авторски текстови
Thursday, April 18, 2024
ИНФОРМАЦИИ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2023/2024
Sunday, March 3, 2024
Thursday, February 15, 2024
Општински натпревар по Географија
На 15.02.2024 година (
Општинските натпревари ќе се организираат онлајн на Google meet платформата, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.
Sunday, March 26, 2023
Успех на учениците по Географија
Успех на општинскиот натпревар по Географија кој се одржа на 04.03.2023 година организиран од страна на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје .
Учениците Филип Матески и Андреј Грујоски од основното училиште Единство се стекнаа со две дипломи за освоено второ и трето место под менторство на Проф Дарко Оносимоски
Sunday, February 26, 2023
Известување за општинскиот натпревар по Географија
Thursday, February 23, 2023
Село Гари иСтогово идилична убавана на Македонија
Колку повеќе се движите низ територијата на Македонија толку повеќе се вљубувате во нејзината раскошна убавина. Потребата за посета непознати места може да биде добар мотив да се запознаете со многу делови на Р. Македонија.
Во нашата земја
постојат многу убави места, но има места, каде постојано сакаме да се навраќам
секогаш кога имаме време, едно од тие места е селото Гари и планината Стогово.
Македонија е надарена со многу убавина, но малореканскиот крај навистина е уникатен предел во нашата земја. Во подножјето на планината Стогово на надморска височина од 1.100 метри под шумата Канеш е распослано планинското село Гари. До него се стигнува возејќи по патот од Маврово за Дебар, каде кај месноста Бошков мост се скршнува и се вози само право. На влезот селото ќе ви ја покаже целата идилична убавата и старите куќите кои се симетрично амфитеатрално распоредени. Низ селото жубори планинската дива Гараска река, чија вода е лек за душата во летниот период. Гарска река тече низ Стогово и со себе ги собира планинските реки Валовница, Лазарополска, Sвончица и Белешница. Заедно со Тресочанка ја сочинуваат Мала река која е најголемата притока на реката Радика.
Од селото Гари
има повеќе патеки кои се атрактивни и привлечни за искачување на неколку
импозантни врвови, кои мамат и привлекуваат со својата височина.
По долината на
Гарска река се стигнува на платото на Стогово од каде се пружа прекрасен поглед
кон повеќе врвови. Иако постојат повеќе рути до највисокиот врв на планината
Стогово сепак често се стартува од селото Гари да да се освои врвот Голем Рид (или Бик Дорук) за кондиционо по спремните не
е далеку и врвот Канеш или врвот Стогово во зависност од желбите и можностите.
Исто така од селото Гари има обележана патека до врвот Бабин Срт. Која патека да
биде избрана, нема да згрешите, затоа што пејзажите кои ги нуди планината
Стогово се уникатни и незаманливи. Попатно ќе видите голем број на бачила каде
се напасуваат голем број висококвалитени овци. После долгите пешачења околу
селото Гари и планината Стогово неизбежно е да вкусите некој локален еколошки
специјалитет, тоа задоволство може да го задоволите во етно ресторанот
Топила, Покрај вкусната храна и
одличниот етно амбиент од ресторанот нудат услога прошетка со коњи. Несомнено
дека Гари, Стогово и целиот малорекански
крај е уште еден бисер под нашето поднебје кои вреди да се посети.
Препораката на авторот
на овој текст професор Дарко Оносимоски е што повеќе да го потикнувате љубопитниот
дух во себе и да ги истражувате природните уникатни убавини на Македонија, зошто
нашата земја е уникатна држава на европскиот континент.
Monday, November 28, 2022
Friday, November 4, 2022
Monday, May 9, 2022
Авантуристички висечки мост над Пчиње
Мостот |
До овој мост може да се пристигни на два начина по автопатот Скопје -Велес или од Селото Кожле. Првиот начин е полесен оние кој не сакаа да пешачат може по автопатот да се симнат кај црквичката после селото кожле и десно по скалите да се симнат до мостот, Мостот реката и вегетацијата нудат величествена глетка одозгора. Кога ќе се доближите почнува возбудата. Мостот е изграден од дрвен под и е оптегнат на три сајли на нив се прцврстени даски, со секое ваше движење мостот се клати и дрвата крцкаат. Помалку храбрите ќе треба да соберат храброст за да зачекорат по него, адреналинското доживување е загарантирано.
Во непосредна близина во црквата стоеше човек кој продаваше свеќи, започнавме разговор при што ми кажа дека тој лично го изработил мосто и по него е имануван Стојанов мост. Мостот е релативно нови и недоволно познат, лично сметам дека заслужува да се посети, да се помине од едната на другата страна на Пчиња. Во селото Кожле може да ја посетите и црквата вознесение Христово изградена во 1847 година, во чиј двор е погребан македонскиот книжевник Гане Тодоровски. А, во непосредна близина на кожле, оддалечена околу 1,6 км се наоѓа тврдината Маркови Кули, која датира од средниот век
Monday, May 2, 2022
Wednesday, March 16, 2022
Знаете ли дека
Дали сте знаеле дека
Tuesday, March 15, 2022
Дали сте знаеле дека
Знаете дека најстарата копнена површина на земјата е јужниот остров на Нов Зеланд, најстариот дел од копното на Нов Зеланд бил формиран за време на камбрискиот период од девонскиот
период пред околу 540 до 360 милиони години. Тие се состоеле од седименти депонирани на морскот дно на копното од деловите на Гондвана кој подоцна ќе станата Антартик и Австралија.Дали сте знаеле дека
Знаете ли дека озонската овивка покажува знаци нконтинуирано закрепнување од штетите предизвикани од човекот и најверојатно целосно ке заздрави до 2060 година, покажуваат новите докази. Преземените мерки за санирање на штетите ќе имаат значаен и корисен ефект и врз климатските промени, бидејќи дел од гасовите што предизвикуваат разредување и на места исчезнување на озонската обвивка приденосеуваат и за затоплување на атмосферата.
Monday, January 24, 2022
Saturday, December 11, 2021
Туристичките вредности во шарско- полошкиот регион
Границата меѓу нив ја прави
Боговинска река лева притока на Вардар. Средиште на Горни Полог е Гостивар,
додека центар во Долни Полог е Тетово.
Полошката котлина има голема густина на
населеност која изнесува повеќе од 200
жители на 1км2. Со густина од 200 жители на 1км2 таа е една од најгусто
населението котлина во Р.Македонија. Површината на рамниот дел на котлината изнесува 373 км/2.
Ако се анализира рамниот дел тогаш тој се наоѓа на надморска висина од 400 до
600 метри.
Туристички
гледано полошкиот регион изобилува со природни и културно историски атракции
кои се основа за голем број туристички содржини, наменети за различни целни
групи. Полошката котлина има што да понуди како интересно туристичко место во
Република Македонија . Котлината е обиколена со изразито високи планини, располага
и со голем број културно историски локалитети, духовни и сакрални објекти, живи
обичаи, традиционални занаети, локална традиционална храна и други туристички
вредности.
Затоа доколку се наоѓате во
близина во полошката котлина не пропуштајте да ги посетите стариот дел на
Тетово, Тетовското кале, Лешочкиот манастир, Шарената Џамија со Амамот, Арабати
баба теќето, Камењанските водопади, Бањиче - изворот на реката Пена, Вратничко
езеро, Шар планина со Попова Шапка, Лешница
Јелак, Три Води, Љуботен, Маздрача итн
Доколку патот ве
донесе во Горен Полог-Гостивар, првиот град на реката Вардар има што да ви понуди. Гостиварчани се најгостопримливите луѓе во нашата земја и
ќе направат се да се чуствувате пријатно во нивниот град.
Главниот симбол на градот
Гостивар е саат кулата. Гостивар нуди можност да уживате во убавините на старата архитектура како
што се Беговата куќа, куќата на Ахмед
Чако, Медресето, Саат кулата, или Успение на Света Богородица. Со секоја градба
се испреплетени многу легенди и
приказни.
Гостивар
е место каде може да вкусите најубава традиционална храна но и познатата
гостиварска баклава и боза. Кејот на реката Вардар е одлично место за прошетка
и рекреација. Во централниот дел на градот со сигурност ќе ви го задржи
вниманието црквата Света Богородица и Медресето со саат кулата кои потекнуваат од
османлискиот период.
, Доколку времето ви
дозволува подолг престој, тогаш одличен место за посета е солото Вруток каде се
наоѓаат изворите на нашата најголема река. Вруток е идеално место да се проба квалитетна речна пастрмка
која може да се вкуси во некои од многуте ресторани во непосредна близина на
самите извори на реката Вардар. Манастир Св Преображение Христово населба Циглана
За љубителите на чистиот планински воздух и
убави панорамски пејсажи може да се доживеат во селото Долно Јеловце. Долно
Јеловце располага со убави селска црква и манастир, за гостите има етно
ресторан, кои во одличена атмосфера може да се ужива во прекрасниот амбиент. Во
околината на Гостивар се наоѓа една од најубавите пештерата во Р.Македонија. Станува
збор за пештерата убавица лоцирана на планината Буковиќ до селото Ѓоновица.
Пештерата е
мошне атрактивна во нејзи се среќават пештерски украси и подземен водопад кои
нудат незаборавно искуство од ваков тип.
Несомнено е дека
полошкиот регион е полн со интересни места, се надевам дека ова е добра причина да одвоите
еден ден во неделата и да посетите некои од многуте убавините со кои располага полошкиот
регион.