СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Showing posts with label Новости. Show all posts
Showing posts with label Новости. Show all posts

Monday, March 23, 2020

СООПШТЕНИЕ !

Поради моменталната состојба со ширење на вирусот Корона ( КОВИД19) јас како предметен наставник во услови на кризна состојба ви го испраќам следново  соопштение. 
Со цел да се ублажат штетите од вирусот кои веќе се чувствуваат во наставниот процес, јас сум целосно посветен на својата професија, за таа цел изготвувам соодветен матријал со презентации , планови и домашни работи наменето за учениците од ООУ Единство" Гостивар

Веќе од  16.03.2020  сите учениците од VI одд. , VII одд. и IX одд.  во посебни групи во messenger, viber, e-mail и classroom добиваат соодветен матријал .


Страницата meridijani.blogspot.mk нуди можност за вежби и проверка на знаењето од областа на Географијата. На задоволство на авторот, страницата веќе е доста проширена на webстраниците и социјалните мрежи, каде ја користат голем број мои колеги професори и наставници за реализирање на наствата по Географија ширум нашата  држава. 

Благодарам за вниманието.

СЕДИ ДОМА И ОБРАЗУВАЈ СЕ


Friday, June 8, 2018

Учениците од денес на летен распуст

Денес е датумот кога и официјално е крај на учебната година. Околу 10.500 ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општина Гостивар денес завршуваат со училишни обврски. Летниот распуст ќе трае до трети септермври, кога ќе започне новата учебна година поради тоа што први септември годинава се паѓа на ден сабота. Полуматурантите своето образование ќе го продолжат со уписот во средните училишта кои ќе се спроведат на 18 и 19 јуни. 

Wednesday, May 16, 2018

Кримски мост

Кримски мост, официално најдолгиот мост во Европа, ќе биде пуштен денес за сообраќај. Планирано е железничкиот сообраќај да започе во 2019 година. Кримски мост, познат и како Мост преку преминот Керч, ги спојува градот Керч и Кримскиот полуостров со континенталниот дел на земјата ( Темјучки регион Краснодарска покраина) Изградбата на мостот е започната во април 2015 година а денес ќе биде пуштен во употреба


Friday, April 20, 2018

Свазиленд го промени името на државата

Малото африканско кралство Свазиленд го смени името на државата, со тоа ги прекинува врските со колонијалната ера. 
По повод 50 години од независноста на малата африканска земја Свазиленд, карлот Мсуати  III изјави дека го менува името од Свазиленд во кралство Есватини. 
Образложувањата е дека Есватини преставува оргинално име на државата кои во превод значи "земја на народот Свази"
Оваа држава е лоцирана на југот од континентот Африка. Се стекна со независност од британскиот протекторат во 1968 година. Со издвојувањето на независноста останало и старото име. 
Сите држави на африканскиот континент со прогласување на независност си ги вратиле старите имиња на своите држави , но тоа не бил случај и со оваа африканска земја.  Затоа ова бил вистински момент да се вратат на вистински  древни корења.


Friday, January 12, 2018

Изградба на поморски канал

Турција ќе започне со изградба на поморски канал, кој ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море. Целта на овој проект е да се намали преоптоварениот поморски сообраќај низ Босфорскиот Проток. 
Се предвидува низ новиот канал, кој ќе биде со должина од 45 километри, да биде пренасочен целиот сообраќај од околу 50.000 товарни бродови и танкери кои сега годишно минуваат низ Протокот во Истанбул.
Кога каналот ќе биде готов танкерите повеќе нема да претставуваат опасност за Истанбул. Босфорот во иднина ќе го користиме само за социјални и културни активности.

Tuesday, January 9, 2018

Снег во Сахара

Во една од најтоплите пустини во светот  во неделата падна снег.  Како што пренесуваат светските медиуми вренежи од снег имало и во подрачјето на Аин Сефра, кое се наоѓа во северниот дел на Алжир. 
Снежната покривка достигнала до 40 сантиметра до вечерта веќе снегот бил стопен. Ова е втора година на Сахара да падне снег а, во последните 37 години снег паднал 4 пати.

Tuesday, October 11, 2016

Среќен празник

Среќен 11 Октомври, Ден на народното востание на Македонскиот народ  

Thursday, September 8, 2016

8 Септември Државен празник


8 Септември - Државен празник.  Ден на независноста на Македонија . Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија. Среќен празник



Thursday, September 3, 2015

Нов Зеланд со листа на идеи за ново знаме

 По примени над 10.000 идеи за дизајн на новото знаме, од кои повеќето беа ѓега, комисијата составена од 12 луѓе го намли иборот на четири идеи.
Финалните предлози содржат симболи важни за Нов Зелнд, како на пример , лист од папрат, соsвездие и кора, дизајн кој го претставува новиот живот, растот на силата. Новозеланѓаните ќе можат да гласаат за знамето преку пошта, од самите домови кон крајот на годината. Сепак постои можност да си го задржат досегашното знаме. Ова се финалните идеи за знамето





Tuesday, September 1, 2015

Највисокиот врв во Севрна Америка го менува името

При историската посетата на американскиот претседател во Аљаска, објави дека името на највисокиот врв на континентот  ќе се именува со името Денали. Барак Обама го враќа старото име на највисокиот врв во С Америка и наместо Меккинли,  ќе се вика Денали. Врвот во Аљаска го врача претходното име за овој врв. Данели се преведува како "високо" или "огромно".Локалното население масовно го користат името Денали, иако неговото официјално име е именувано според 25 тиот претседател на САД вилијам Мекинли, но месното население продолжува врвот да го именува со старото име Денали. Оваа промена Барак Обама ја најави при тридневната посетата на Аљаска на конференцијата посветена за глобални лидерство на Арктикот, организирана од Стејт департментот во Енкориџ. можеби ова е крај на историскиот спор за името на највисокиот врв во Севрна Америка Денали-Меккинли



Saturday, August 29, 2015

Откриени нови пештери на Галичица

На Галичица се откриени новите пешетри едната се наоѓа во близина на с. Елшани а другата во близина на с. Трпејца, истражувањата покажале дека има уште многу непознати и интересни пештерски шуплини на планината.  Галичица со својата раскошна убавина претсавува магнет за љубителите на природата а големиот број пештери   ќе ја зголемат туристичката понуда на Галичица и целиот регион.

Wednesday, May 27, 2015

Соопштение Објавени списоци за екстерно тестирање


Објавени се списоците за екстерно тестирање Од 26.05.2015 се објавени  имињата на учениците и термионот кога ќе полагаат по соодветниот предмет.

За викендот дополнително ќе бидат објавено кои предмети ќе ги полагаат учениците

Sunday, May 24, 2015

Соопштение

На 24 мај 2015 година (недела) е Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители, а 25 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Честит празник 

Sunday, May 17, 2015

Откриена е најдалечната галаксија

галаксија
Новата галаксија се наоѓа на 13,1 милијарди светлосни години оддалеченост од планетата Земја.

Научници од американските универзитети Јеил и Санта Круз во Калифорнија со помош на три џиновски телескопи успееја да откријат нова галаксија на 13,1 милијарди светлосни години оддалеченост од планетата Земја.
Галаксијата претставува една од првите генерации на галаксии во вселената.
Галаксијата го доби името ЕГС- зс8-1. Староста на новооткриената галаксија изнесува 100 милиони години и се наоѓа во составот на соѕвездието Бутис.

Thursday, April 30, 2015

Алшар


Во Рудникот Алшар во Кавадаречко (29.03 2015), истражувачки тим предводен од професор Боев открил нов вид на досега непознат минерал. После 30 години истражувачка дејност на локалитетот Алшар, дојдовме до нов минерал вид на групата талиумските минерали и тоа е 55 минерал на Талиумот. Ова е значајно откритие во фундаменталниот дел од науката. Ова отркрит

Thursday, April 19, 2012

Одбележа денот на холандската кралица во училиштето Единство

Улениците од ОУ “Единство“ – Гостивар, 18.04.2012 со разни активности и со богата културна програма, го одбележаа Денот на холандската кралица. 

Годнава, Гостивар беше еден од одбраните градови од страна на Холандската амбасада во кој се одбележа овој значаен ден за холандскиот народ, а Општина Гостивар одлучи активностите да се одвиваат во Основното училиште “Единство“.

Денот на кралицата се одбележа во работна и празнична атмосфера. Неколку уленици со своите наставни по ликовно разубавија простории во и околу училиштето, а урамија и 30 одбрани цртежи од учениците. Други уленици со наставниците по музичко и физчко имаа подготвено богата културно-забавна програма со песни и ора на македонски, ,турски , ромски  и албански јазик  како и ритмички точки со странска музика.

Некои облечени во маички со официјалното лого на манифестацијата и со натписот “I love Gostivar” а некои со народни носии на заедниците кои живеат во Гостивар, учениците од ова училиште “Направија потег, го обоија светот“ што всушност беше слоганот на манифестацијата.

“Не случајно го одбравме ова училиште, бидејќи тука наставата се одвива на три јазика, а учат ученици од сите четири позастапени заедници во Гостивар. Со активностите кои денес сложно ги изведуваат учениците од училиштето “Единство“, ние праќаме позитивна порака не само во нашиот град, туку и во целата земја, токму во овие денови кога имаме појава на незавидни случувања“, истакна претседателот на Советот на Општина Гостивар, Фадил Зендели.

Tuesday, December 13, 2011

Светот ги награди бабините игри

Откако проектот “Бабини игри” во април годинава го освои првото место на Европскиот форум на програмата “Партнери во учењето”, сега ја освои втората награда на “Светскиот форум на иновативни наставници” во Вашингтон. Проектот е изработен од наставниците Марина Василева и Добри Јовевски. Наградата е во рамки на Мајкрософт форумот за наставници кој промовира учење преку игра.
Главната идеја на проектот кој се истакна пред сите останати учесници од светот е како џамија, прстенче, мижи-баба и другите т.н бабини игри може да им помогнат на децата за полесно учење.
- Целта ни беше да ги оживееме старите игри кои денес за жал се заборавени. На овој начин им покажавме на учениците дека компјутерите може да ги користат како алатка, но сепак да се направи една поврзаност со некогашните детски игри низ историјата и денешната т.н ИТ генерација, вели Василева.
Авторите се надеваат дека овој проект ќе може да се вметне и во образовниот процес во Македонија.
- Успеавме со иновативно користење на едукативните софтвери на Микрософт технологијата да ги доближиме мултикултурните традиционални вредности пред поширокиот аудиториум. Ја поттикнавме љубопитноста кај останатите учесници да бараат повеќе информации за тоа каква е поврзаноста на старите бабини игри од македонските простори со наставниот процес, вели Јовевски.
Двајцата наставници велат дека задоволство е да се учествува на ваквите престижни настани каде на едно место се собрани најиновативните наставници од земјите од целиот свет. Ваквите форуми на Мајкрософт имаат за цел интегрирање на информатичката технологија во наставните програми и содржини на извонредно креативен начин.
“Бабини игри” е мултикултурно патување низ традиционалните обележја и креативно користење на компјутерите како дополнителна и веќе задолжителна алатка за учење во училиштата. На овој начин учениците се во тек со компјутерските алатки и услуги а истовремено се навраќаат и учат за игрите со кои децата некогаш ги исполнуваа маалските улици.