СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Showing posts with label Географија на Австралија и Океанија. Show all posts
Showing posts with label Географија на Австралија и Океанија. Show all posts

Monday, October 31, 2016

Најголемиот корален гребен на светот

Големиот корален гребен е најголемиот корален гребен на светот. Се наоѓа во Коралното море блиску до брегот на Квисланд на североисточниот дел на Австралија. Има должина од  над 2.000 км , а може да се види и од вселената. Големиот корален гребен за прв пат станал познат на Европејците кога истражувачот Џејмс Кук стигнал тука на 11 јуни 1770 год. Најстарите делови на гребенот датираат пред околу 60.000 години. Големиот корален гребен е збир од околу 900 острови и преку 3.000 гребени, кои во главно се наоѓаат на релативно мала оддалеченост од брегот на континентот. Некои научници сметаат дека најголема закана за иднината на големиот корален гребен  е глобалното загревање.


Tuesday, August 11, 2015

Најниска точка на Австралија


Езерото Ејре се наоѓа околу 15 метри под нивото на водата и тое местото со најниска надморска височина во Австралија. Ова езеро се наоѓа во централниот дел на Австралија на северниот дел на сојузната држава јужна Австралија. Ова езеро името го добило по Едвард Џони Еру кој го отркил во 1840 година. Езерото се состои од два дела северно и јужно езеро кои се поврзани со канали.