СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, January 18, 2018

Река Одра

Реката Одра извира од планините во североистокот на Чешка. Таа е долга 854 километри, од кои 112 километри на територијата на Чешка, 742 километри во Полска каде ја дели и прави природнса граница со Германија, таа е втората најдолга река во Полска  (веднаш зад Висла)
Сливното подрачја на оваа река изнесува 118.861 км/2. Реката со канали е поврзана со Хафел, Шпре,  Висла и Клодница.
Реката се влеа преку Шчеќинскиот залив  во Балтичкото море.


Wednesday, January 17, 2018

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле  kоја е најмалата птица во светот ?  Колибрите претставуваат најмалите птици во светот. Ги има повеќе од 330 врсти . Најмалите колибри се Mellisuga helenae кои заедно со клунот и опашката заедно се долги само 6 cm.
Тоа е единстевената птица која може да лета наназад.  

Највисокиот врв на Грендланд


Гунбјор  со своите  3694 метри преставува највисокиот врв во Гренланд. Се наоѓа на планината Уоткинс на источниот брег на островот. Именуван е според Гунбојрн Улфсон, кој според легендата го откива овој врв околу 875 година.

Friday, January 12, 2018

Изградба на поморски канал

Турција ќе започне со изградба на поморски канал, кој ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море. Целта на овој проект е да се намали преоптоварениот поморски сообраќај низ Босфорскиот Проток. 
Се предвидува низ новиот канал, кој ќе биде со должина од 45 километри, да биде пренасочен целиот сообраќај од околу 50.000 товарни бродови и танкери кои сега годишно минуваат низ Протокот во Истанбул.
Кога каналот ќе биде готов танкерите повеќе нема да претставуваат опасност за Истанбул. Босфорот во иднина ќе го користиме само за социјални и културни активности.

Дали сте знаеле


Дали знаете која е нај-отровна змија во Африка ? 
Змијата  Црна Мамба претставува нај-отровната змија во Африка. Нејзината должина изнесува 2-2,5 м но достигнува и до 4 до 4,5 м. Оваа змија се смета за најбрза . Отровот кои го поседува е невротоксичен и смртоносен за луѓето. При напад инектира од 60-120 mg  отров, смрта настапува по 15 минуни доколку не се прими противотров. Тоа е за 3-10 пати поотровна од различните видови кобра.

Tuesday, January 9, 2018

Снег во Сахара

Во една од најтоплите пустини во светот  во неделата падна снег.  Како што пренесуваат светските медиуми вренежи од снег имало и во подрачјето на Аин Сефра, кое се наоѓа во северниот дел на Алжир. 
Снежната покривка достигнала до 40 сантиметра до вечерта веќе снегот бил стопен. Ова е втора година на Сахара да падне снег а, во последните 37 години снег паднал 4 пати.