СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, June 18, 2018

Индијанско перо -Змиско цвеќе

Сансеверија (латинско име)  или често нарекуван индијанско перо или свекарвин јазик е многу отпорно декоративно собно растение. Потеклото на ова егзотично растение е од тропските предели на западна Африка и Индија. Идеално за одгледување за луѓе кои имаат премногу работни обврски, бидејќи не бара премногу нега. Ова цвеќе е карактеристично по нејзините исправени листови кои достигнуваат и до 80 cm во висина. Доколку се чува на сенка губи на убавина и нејзините шарити стануваат помалку видливи. Ова цвеќе поднесува и нередовно залевање. Премногу изложеност на влага може да предизвика нејзино трулење. Во текот на зимата доколку растението е на постудено место (но не под 10 степени) може да се залева еднаш месечно, додека на лето се залева еднаш на  7-10 дена. Оваа билка ја задржува влагата во домот одлично го прочистува воздухот од токсини и ги неутрализира штетните гасови но сепак треба да се биде пажлив поради тоа што листовите се отровни.  Не се препорачува чување во спалната соба или во близина на деца

На денешен ден 18 јуни

На денешен ден 18 јуни 1953 година Египет е прогласена за република по соборувањето на Фаруковиот режим. Прв претцедател на Египет станал Нагиб


Friday, June 15, 2018

Истражување на океаните

Google map обезбеди видео од подводниот свет. Оваа колекција вклучува шест од најпознатите неворојатни светски подводни места, вклучувајќи и корални гребени во Австралија, Филипини и Хаваи.  
Галеријата од видеата е достапна овде 
Сите колекции погледнете ги овде

Знамето на Малезија


Секоја држава е горда на својот симбол.  Малезија има свое знаме симбол составено од 14 ленти, од кои седум се во бела боја и седум се во црвена боја.   Во горниот лев агол има син квадрат на кои има приказ на златна полумесечина и златна sвезда со 14 краци позната како "федерална sвезда". 14 ленти ги означуваат 13 федаерални држави на Малезија и федералната влада, додека 14 краци ја преставуваат обединетоста на федералните единици. Полумесечината го претставува исламот додека сината боја ја пресатвува обединетоста на Малајците

Friday, June 8, 2018

Учениците од денес на летен распуст

Денес е датумот кога и официјално е крај на учебната година. Околу 10.500 ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општина Гостивар денес завршуваат со училишни обврски. Летниот распуст ќе трае до трети септермври, кога ќе започне новата учебна година поради тоа што први септември годинава се паѓа на ден сабота. Полуматурантите своето образование ќе го продолжат со уписот во средните училишта кои ќе се спроведат на 18 и 19 јуни.