Tuesday, July 31, 2018

Ватикан

Знамето на Ватикан заедно со знамето на Швајцарија се единствените знамиња кои имаат форма на квадрат. Знамето се состои од две еднакви полиња: жолта и бела.  Во средината на белото поле има два  клуча едниот жолт другиот бел поврзани со црвена врвца. Над клучевите се наоѓа папска Тиара. Клучевите и тиарата го сочинуваат грбот на Ватикан. Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно  решавање на прашањето за папска држава.

No comments:

Post a Comment