Малајскиот тапир е најголем од четорите вида тапири. Долг е до 2,5 а може да биде тежок повече од 300 кг. Тоа е набиено животно со издолжено тело. Горната усна и носот се продолжени во подвижно рамо. Младите тапири имаат црвено кафеаво крзно со водорамни линии и дамки, а по шест месеци почнува да се појавува обоеност како ка возрасните. Имаат многу тврда кожа. Малајскиот тапир живее во тропски шуми, често во вода. Можне е внимателно и плашливо животно, кое има добро развиени сетила за слух и мирис, а слаб вид. Најчесто живее во самотија. Се храни ноќе, со меки гранчиња, млади лисја и паднати плодови, а дење се крие и мирува. Околу 400 дена по парењето се раѓа едно младо. Малајскиот тапир припаѓа на стара група животни, која многу малку се изменила за милиони години, поради што се наречени "живи фосили" Поради уништувањето на живеалиштата и лов, тој е загрозен вид.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ Југоисточна Азија