СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, October 1, 2018

Астероиди

На 01.01.1801 година Џузепе Пиаци открил објект за кој тој прво мислел дека е комета. Но откако точно му била одредена патеката било јасно дека тоа не е комета, туку повеќе како мала планета. Пиаци ја нарекол Церес, според Римската божица на житото. Во следните неколку години биле откриени уште три такви ( Палас, Веста и Јуно). До крајот на деветнаесетиот век биле откирени неколку стотици. До овој момент има неколку стотици илјади, а секоја годинасе откриваат по илјада нови. Астероидите објекти составени од карпи и метали кои кружат ( орбитираат)  околу Сонцето, но се поремногу мали за да се сметаат за планети. Тие имаат големина од неколку сантиметри до над 1000 км во дијаметар. Некои се откриени внатре во орбитата на Земјата, а некои и зад орбитата на Плутон. Сепак воглавно се концетрирани во еден регион помеѓу орбитити на Марс и Јупитер, наречен астероиден појас.Некои имаат орбиоти кои се сечат со патеката на Земјата, поради што во минатото некои од нив имаат и паднато врз неа. За тоа сеуште сведошат бројните кратери на површината на земјата, но сепак поголемиот дел од нив ерозијата ги избришала