СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, December 30, 2011

Последици од петарди и други пиротехнички материјали!

Од пиротехничките материјали, годишно страдаат минимум 30 деца.

raka.petarda.500

Како доказ за опасноста и колкави може да бидат последиците од петарди, еден пиротехничар, изработил естетска ракавица, чија кожа е слична на човечката.

Од видеото ќе видите дека, изгорениците може да бидат од втор и трет степен, па и највисокиот, четврти степен.

Тоа значи, дека доаѓа до оштетување на коските и мускулите, во краен случај и до ампутација на прстите или цела рака.

Парчињата од петардата летаат до 10 метри од детонацијата.

Ваквите пиротехнички материјали се забранети за продажба, но за жал тие се продаваат илегално.

Племето Комбаи живот како во камено време

Густите шуми на Папуа се богат и комплициран мозаик на различни племенски групи. Далеку од брегот, во подножјето на планините, од авион земјата изгледа како километри на пусти и голи мочуришта. Но ова е местото каде Комбаите со генерации и генерации останале скриени од надворешниот свет, водејќи го својот примитивен начин на живот како ловци-собирачи. Папуа е Индонезиска половина на островот Нова Гвинеја, еден од последните места на Земјата на кои се уште има празнини во картите. Овде се зборуваат околу 250 јазици. Повеќето групи се составени од само неколку стотици лица, а некои биле контактирани од страна на надворешниот свет сосема неодамна.
Комбаите бројат околу 4000 членови, од кои повеќето живеат во изолирани семејства во куќи на дрвја. Ваквите куќи не само што овозможуваат заштита од топлина и комарци, туку поради високата поставеност овозможуваат одбрана од поплави за време на обилните дождови, како и соодветна заштита во време на конфликт. Племенските заедници во внатрешноста на Нова Гвинеја беа веројатно последни народи на Земјата кои тргуваа со метални производи како ножеви или секири. Во најоддалечените делови на островот, ова се уште се случува и локалните луѓе користат остри камења за сечење дрвја, бамбусови секачи за режење на нивното месо, а се тргува и со школки или бамбус во кои ја чуваат нивната вода. Готвењето е без садови, со користење на методот на вжештени камења. Комбаите се типични ловци и собирачи. Мажите ловат широк спектар на плен вклучувајќи казуари, диви свињи и торбари во шумата со користење на нивните лакови и стрели и со помош на кучиња за следење. Свињите се припитомени за ритуални употреба.
Главна храна е скроб собран од саго палмите самоникнати во џунглата. На жените им требаат неколку часа да исцедат и исушат неколку купчиња на скроб од палма, а поголемо дрво може да обезбеди доволно скроб за семејството за седум до десет дена. Обично, десетици вакви дрвја се наоѓаат во истата област. Откако ќе се искористат, семејство ќе се пресели на нова локација во територијата на кланот. Покрај тоа, саго палмата на Комбаите им обезбедува особен деликатес: црви и ларви од саго. Палмата се соборува, се остава еден месец, а потоа се завиткува во листови каде што продолжува да скапува, за кое време во дрвото се развиваат ларви. Комбаите се враќаат три месеци подоцна, кога остатоците се полни со ларви.
Џунглата е поделена на кланови територии. Таму каде што не живеат клановите се територии на духови. Влегување на странец во територија на клан се гледа како на закана – потенцијално по самиот живот. Дури и зборот Kwai, што значи “дух” или “духот”, е исто така збор со кој се опишува странец.
Се чини дека во племето Комбаи сеуште постои канибализам. Тоа е вид на племенски казна: само мажите идентификувани како вештерки од заедниците Куму Какуа, или мажите кои практикуваат вештерство – се убиваат и се јадат. Постојат живи сведоци од племиња кои јаделе машки вештери.
“Јас сум исплашен од Какуа-Куму, кажува еден Комбаи човек. “Секој пат кога одам сам или ловам сам, мислам на нив и сум исплашен … Ако Какуа-Кумбу убие бло кој од моите браќа, јас ќе го убјам пак него. Ако доаѓа од друг клан, ќе го убијам и ќе го изедам. Ако доаѓа од кај нас, ќе го дадам на други луѓе да го изедат.
Комбаите веруваат дека Какуа-Куму ги јадат душите на нивните жртви и дека тие мора да бидат убиени и изедени за возврат. Бидејќи се смета дека душата се наоѓа во мозокот и стомакот, одмаздата доаѓа со јадење на тие органи на Какуа-Куму за на нивниот терор да му дојде крај.
Други традиции на Комбаите вклучуваат пирсинг на нивните носеви со трн од саго. Од време на време, прстите од лилјаци исто така се користат за оваа орнаментика, особено на жените. Друга традиција е поврзана со мажите и вклучува инверзија нивните пениси при што се турка пенисот назад во нивните тела, а она што останало се замотува во лист.
Иднината на Комбаите
Нова Гвинеја е преоптоварена со политиката. Рударство, сеча, меѓу племенски конфликти, индонезиски воени злосторства, мисионерски влијанија, бескрупулозни трговци и претприемачи, трансмиграциски кампови и етничко чистење: регионот постојано е во фокусот на вестите во последните 20 години. Повеќето од племенските заедници и селата во планините се посетуваат од страна на мисионерите и локалните власти, додека пак оние покрај бреговите од огромните реки на Нова Гвинеја, се посетуваат за да ги покажуваат патиштата низ џунглата и мочуришта. Но, во некои области, како во областа на Комбаите, влијанијата се сеуште мали.
Папуа е окупирана од Индонезија од 1963 година. Владата во Џакарта насели стотици илјади доселеници на островот. Окупацијата е брутална, со извештаи за убиства, силувања и други кршења на човековите права од страна на армијата, заради што неколку години беше активен вооружен отпор. Постои една форма на локална влада со горен дом од родени Папуанци, но неговата моќ е ограничена. Вистинската моќ – вклучувајќи ја и контролата на полицијата и армијата е во Џакарта. Неодамна се објави дека повеќе племенски групи во Папуа биле жртви на индонезиско полициско насилство. Папуа лежи на богати наоѓалишта на злато и бакар. Огромните резерви на бакар, вклучувајќи го вториот по големина во светот рудник за бакар во Фрипорт и донесе голема корист на Индонезија, но малку од профитот останува во Папуа.
Друг важен ресурс е миризливото дрво Гахару, многу ценето во Азија и на Блискиот Исток. Папуа има една од последните преостанати големи резерви на вакви зрели дрвја. Нелегалните трговци носат огромен број на стоки, како што острилки, ножеви, храна, облека и садови за Комбаите во размена за мали парчиња на Гахару дрвото што тие го собираат. Ако успеат племенските народи одржливо да го користат тоа дрво, би можело од една страна да ја заштитат својата животна средина, а од друга страна да им обезбеди вреден ресурс за трговија. Но, уништувањето на шумите стана голем проблем. Индонезиските дрвосечи кои уништиле милиони хектари млада шума во Суматра и Калимантан сега се свртуваат кон Папуа. Според владината политика „Оди на Исток “, четири големопоседници ја имаат поделено земјата меѓу нив. Владата плаќа за пробивање на патишта во она што некогаш биле непробојни шуми. Со тоа пак се создаде силна ерозија на земјиштето и уништување на стаништата. Нема ништо едноставно за иднината тука: некои промени ќе бидат добредојдени за Комбаите. Но традиционалните начини на живот во шумата се под голема закана.

Wednesday, December 14, 2011

Познати мисли за книгата




  • Не е образуван оној што чита книги, туку оној што знае што чита
  • Читањето го расипува видот, добро гледаат само неписмените
  • Книгата мора да биде попаметна од нејзиниот автор
  • Книгите секогаш имаат повеќе душа од луѓето што ги среќаваме
  • Книгата е голема работа ако знае човек како да ја користи
  • Нема полош крадец од лоша книга

Чудесна Македонија

Пештерата Врело една од најубавите пештера во светот

Подводната пештера Врело е лоцирана во каноњот Матка од десната страна на реката Треска, во близина на градот Скопје। Пештерата е систем од пештери, една над водата и друга под водата и езеро. На таванот е дожд од сталактити,а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодуушевуваат столбовите близнаци кои се високи одолу 6 метри и се со кристална бела боја.

Во длабочината се наоѓаат две езера, Мало и Големо езеро со својата таканаречена Руска плажа. Плажата го добила името по тоа што во езерото, први се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухпловство.

Малото езеро има форма на осмица, во најширокиот дел има должина од 8 метри, а должината и длабочината му се 15 метри, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15-18 метри.

Присуството на сталактити во водата, укажува дека порано во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградба на акумулацијата Матка во 1936 година.

Во пештерата има и таканаречена концертна сала од чија лева страна се таканаречените пишани камења. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо за чие толкување и дешифрирање треба стручна помош.

Во текот на 2008 година спелеонуркачка експедиција составена од врвни нуркачи од повеќе земји во светот започна со изтражување на оваа пештера.

Експедицијата се обиде да ја потврди теоремата, дека оваа пештера е најдлабока во Европа, а можеби и во светот. Пештерата Врело важи за една од најубавите подводни пештери во Европа која се карактеризира со голем број на сталактити и сталагмити, потоа со две езера, Големото и Малото, концертна сала и сл.

За најдлабока пештера во светот се смета Бушмановата дупка во Јужна Африка со длабочина од 282 метри што преставува и светски и гинисов рекорд во нуркање во длабочина во пештери.

Во 2008 година пештерата се наоѓање на 71 место по длабочина во светот со 100 метри, но со понатамошните изтражувања изведени во 2009 година пештерата дистигнал длабочина од 192 метри и се наоѓаше на 14 место во светот по длабочина на пододни пештери. Со последните изтражувања изврешени во 2011 година стигнато е до длабочина од 220 метри, но нуркачите се сигурни дека пештерата е подлабока.

Оваа пештера истотака беше и номинирана за избор на седумте светски природни

Пелистер

Планинскиот масив Пелистер е типичен хорст издигнат долж повеќе раседи кои го одделуваат од Пелагонија и Преспанската котлина. Денешното издигнување на масивот изнесува 6 милиметри годишно. Со оглед на тоа што примарната структура на Пелистер претставува батолит, голем дел од карпестите маси се претставени со магматски карпи, пред се гранити и гранодиорити.

За да ги доживеете со свои очи убавините на Пелистер потребна ви е желба и пред се добра кондиција. Мојата омилена тура започнува од Нижеполе. Тоа е село сместено во подножјето на планината, до каде можете да стигнете со возило. Од тука патот, води низ терен без шумска вегетација, а попатно има по некое изворче за да ја изгасите жедта. По околу 2 и пол часа пешачење и искачени повеќе од 1.000 метри висинска разлика, пред вас ќе се појави прекрасното Големо Езеро, сместено во еден цирк. Според постанокот ова е глацијално езеро и е резултат на плеистоцената глацијација која ги зафатила овие простори. Со оглед на големата надморска височина (2.200 метри) не ретко можете да сретнете снег и мраз дури и во летните месеци јуни и јули. Веднаш до самото езеро се наоѓа планинарски дом, кој воедно е дом на најголема надморска височина во Македонија. Ноќевањето на ова место претставува посебно доживување.

Турата продолжува рано наутро, а следна цел е врвот Пелистер (2।601 м.) до каде се потребни околу 3 часа пешачење. Патеката кон врвот води по сртот, се минува над еден фосилен цирк и следи Малото Езеро. Димензиите и длабочината на ова езеро се значително помали споредено со Големото, а водата е нешто потопла. И конечно врвот Пелистер или “Антена” како што милуваат да кажат битолчани, а и името Димев врв (по Димитар Илиевски – Мурато, легендата на македонското планинарење и првиот македонец кој го освоил врвот на светот) е често употребувано. Од самиот врв има што да се види. На едната страна ја имате цела Пелагонија на дланка, а од другата страна Преспанското езеро со Галичица во позадина. Долго задржување на врвот не е препорачливо, па така по малиот одмор и пауза за ручек се тргнува во правец на планинарскиот дом Копанки. Делот од патеката кој води по сртот е по малку опасен и треба многу да се внимава, а движејќи се по голите карпести маси од гранодиорити се минуваат врвовите Илинден и Стив. На овој дел од масивот се забележуваат камени реки, значајна периглацијална појава која на Пелистер е мошне репрезентативна и претставува реткост за Балканскиот полуостров. Спуштајќи се кон Копанки, некаде под 2.000 метри надморска височина започнува и шумската вегетација – претставена со петоигличниот бор Молика. Од врвот до овој планинарски дом (на околу 1.600 метри н.м.в.) има не повеќе од 4 часа. Овде е предвидено второто ноќевање. Овој планинарски дом е на прекрасна локација, опкружен со шуми, а условите во домот се солидни. Кога домот е полн, секако и дружбата во вечерните часови е неизбежна, па сите се собрани во салата и дискутираат на најразлични теми, гледаат ТВ или едноставно уживаат во планинскиот чај.

Наредниот ден турата завршува, а такси за Битола можете да фатите од пред хотелот “Молика” кој е оддалечен 25 минути пешачење од домот, а секако оние кои сакаат уште да пешачат и да заштедат има можност да се спуштат до селото Магарево, кое се наоѓа во подножјето на Пелистер।Овој национален парк е воедно и еден од најубавите предели во Република Македонија, секогаш интересен како од географски и биолошки аспект така и за планинарите, љубителите на природата, скијачите… Ако некогаш имате можност да го посетите Пелистер не се двоумете, затоа што само така можете да ги запознаете убавините на Македонија.

Охридско езеро

Oхридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект најзначајниот стагнантен акватичен екосистем во Европа. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО.
Езерото покрива површина од 358,2 km² и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945 m), а на запад со Јабланица (2257 m).
Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.

Потекло и жив свет

Потеклото на Охридското Езеро, гледано во целост како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на Плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари, долго-постоечки езера заедно со Бајкалското, Тангањика, Ховсгол, Тити Кака. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред се поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми. Групи најбогати со ендемични организми и воедно најистражувани групи на организми се Дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), Харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа Планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Покрај овие групи, познати охридски ендемити се секако охридската пастрмка-Летница Salmo letnica и Белвицата - Acantholingua ohridana.
Охридско Езеро

Клима

Климата во Охридската котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средно месечна температуре изнесува 1,5 степени во јануари , додека 17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во Охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.

Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се карактеризираат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуват стабилноста. Средната брзина на ветер во Охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .

Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26 C°.

Археологија и историја на езерото

Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки мест


Tuesday, December 13, 2011

Светот ги награди бабините игри

Откако проектот “Бабини игри” во април годинава го освои првото место на Европскиот форум на програмата “Партнери во учењето”, сега ја освои втората награда на “Светскиот форум на иновативни наставници” во Вашингтон. Проектот е изработен од наставниците Марина Василева и Добри Јовевски. Наградата е во рамки на Мајкрософт форумот за наставници кој промовира учење преку игра.
Главната идеја на проектот кој се истакна пред сите останати учесници од светот е како џамија, прстенче, мижи-баба и другите т.н бабини игри може да им помогнат на децата за полесно учење.
- Целта ни беше да ги оживееме старите игри кои денес за жал се заборавени. На овој начин им покажавме на учениците дека компјутерите може да ги користат како алатка, но сепак да се направи една поврзаност со некогашните детски игри низ историјата и денешната т.н ИТ генерација, вели Василева.
Авторите се надеваат дека овој проект ќе може да се вметне и во образовниот процес во Македонија.
- Успеавме со иновативно користење на едукативните софтвери на Микрософт технологијата да ги доближиме мултикултурните традиционални вредности пред поширокиот аудиториум. Ја поттикнавме љубопитноста кај останатите учесници да бараат повеќе информации за тоа каква е поврзаноста на старите бабини игри од македонските простори со наставниот процес, вели Јовевски.
Двајцата наставници велат дека задоволство е да се учествува на ваквите престижни настани каде на едно место се собрани најиновативните наставници од земјите од целиот свет. Ваквите форуми на Мајкрософт имаат за цел интегрирање на информатичката технологија во наставните програми и содржини на извонредно креативен начин.
“Бабини игри” е мултикултурно патување низ традиционалните обележја и креативно користење на компјутерите како дополнителна и веќе задолжителна алатка за учење во училиштата. На овој начин учениците се во тек со компјутерските алатки и услуги а истовремено се навраќаат и учат за игрите со кои децата некогаш ги исполнуваа маалските улици.

Неколку техники како да учите поефективно


Секој има различни техники и навики како го поминува времето над книгата. Сепак, главен услов за добро совладување на материјата е ефективноста, односно квалитетно потрошеното време учејќи. Нормално, со ефективноста цврсто се приклештени и принципиелноста и дисциплината, но и двете се тешки за остварување. Држејќи се до некои од овие совети, можеби ќе си олесните при процесот на учењето.


Направете си распоред

Распоредот ќе ви овозможи многу полесно да си го организирате времето кое планирате да го поминете учејќи. Во распоредот вметнете ги паузите и другите активности, кои планирате да ги направите и строго држете се според него. Можеби звучи едноставно и небитно, но добро испланираното време ќе ви овозможи поголема контрола и ќе постигнете одредено ниво на дисциплина.

Учете одморени и во мирна средина

Иако студентскиот живот „налага“ да се учи до раните утрински часови, сепак тоа е многу неправилно. Сонот е многу важен предуслов за доброто меморирање. Подобро станете порано, денот поминете го учејќи, а вечерта забавувајте се со пријателите и легнете порано. Непреспаните вечерни часови и дневното спиење можат само лошо да влијаат врз вашиот метаболизам. Учете во мирна средина, изолирани од секакви технички и комуникациски средства, а доколку таква немате, заминете во факултетската читална.

Не читајте на глас и пишувајте забелешки

Иако многумина го практикуваат, читањето на глас е многу погрешно за ефективноста. Анализите покажуваат дека читајќи на глас губиме 33% од брзината, а концентрирајќи се на читањето губиме голем дел од концентрацијата која ни е потребна да го чуеме и разбереме прочитаното. Пишувањето белешки е многу важно за лесно повторување на материјалот. Учејќи, сами можете да процените кој дел го сметате за поважен за веднаш уредно да го забележите во тефтер. Така, ќе си водите еден вид краток дневник за материјалот. Ќе ви биде од огромна полза.

Начин на учење

Овој натпис го посветувам на начинот на учењето, за тоа како полесно да научите и како да стекнете навики за учењето.

Првин е најбитно на часовите да слушате и што е можно повеќе да се сконцентрирате на лекцијата што се предава.



Како второ е многу битно да фаќате забелешки од професорите кои многу ке ви помогнат при учењето дома. Кога ке ја отворите тетратката ке знаете по кој редослед ке треба да учите , а притоа ке фатите некоја реченичка која ја нема во книгата за која можете да добиете + поени.

Секако дека битна улога има и учењето дома. Неможете нешто што е учено на час ,да го запомните само од таму. Туку треба барем 30 минтуки да се посветите кон тоа нешто за да биде трајно запаметено.

Битна улога игра и просторијата во која учите. Но секако и до личноста е.Некој учи со музика, некој во сосема мирен амбиент, некој пак во бучава. Се зависи до човекот.

Па се надевам дека овие совети ке ви користат и ке можете да добиете се се се 5 ки ,и секако знаење.