СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Showing posts with label Географија на Азија. Show all posts
Showing posts with label Географија на Азија. Show all posts

Thursday, April 23, 2020

Најголемата пештера по површина.

Сон Донг претставува најголемата пештера на светот.  Оваа пештера се наоѓа во покраината Куангбин - Виетнам , 450 km јужно од Ханој, а 44 km северно од Аеродромот Донгхој. Пештерата за наоѓа во националниот парк Фонг Ња Ке Банг која од 2003 година е под заштита на унеско како светско природно богатство. Во април 2009 година, британските истражувачи открие нова пештера тука, ја нарекле СОН Донго, високо околу 250,а широко 150 метри, Сталагмитите во обаа пештера  достигнуваат височина и до 70 m. Во подземната сала расте шума, постојат прекрасни водопади.  Во истѕражувањето на чиновската пештера  во Виетнам  спелеозите користеле ласеркса технологија. Тие ја прогласиле оваа пештера за најголемата пештера по површина во светот . Фонг Ња Ке Банг има и голема биолшка разноликост. Влезот во пештерата го открил Хо Ханг во 1991 година , жител од најблиското село. Локалното население се плашело да навлезе во пештерата затоа што од нејзе се слушало шумот на понорниците.  На светската јавност оваа пештера му станала позната од 2009 година кога група Британски научници на чело со Хауардом Лимбетом за прв навлегла длабоко во пештерата

ВИДЕО 

Friday, September 20, 2019

Огнен прстен

КУРИЛСКИ ОСТРОВИ 

     Се вулкански острови кои се протегаат од Полуостровот Камчатка и островот Хокаидо. Го разделуваат Охотското море од Тихиот океан. Тие се дел од Сахалинската област и припаѓаат на Руската федерација. 
Курилските острови се состојат од 20 поголеми и над 30 помали острови.  На нив има околу 68 надземни и 98 подводни вулкани.  
Сепак 36 се сметаат за активни и потенцијално опасни со проследени со силни ерупции од пепел и чад кои преставуваат сериозна зајкана за воздушниот сообраќај. Дел од вулканите на овие острови
  • Алаид, Ебеко, Чикурачки, Синарка, Карпински вулкан, Креницински вулкан , Немо, Вулкан Креницина, Севергина, Кунтоминтар, Вулкан Екарма, Чиринкотан, Рајкоке, Саричева, Расшуа. Ушишир, Прево, Заварицкого, Вулкан Сноу, Берга, Стокап, Атсонупури, Берутарубе, Вулкан Иван Грозни, Вулкан Головнина, Вулкан Менделеева и други


КАМЧАТКА ПОЛУОСТРОВ  Е ЗЕМЈА НА ВУЛКАНИ

Камчатка е полуостров лоциран во североисточниот дел на Русија. Вулканите се главна атракција на полуостровот. На самото знаме и грбот од регионот е прикажан вулкан што преставува симбол на оваа територија,  постојат голем број сувенири со макети на вулкан.
На камчатка има повеќе од 3020 вулкани од кои активни се помеќу 28 и 36. Вулканите на камчатка се вклучени во Унеско.


Кључевскаја Сопка 
Авачински вулкан  или Вулкан Авача 
Безимен 
Коримскаја Сопка
Шивелуч
Ичинскаја Сопка
Вулкан Кроноски
Корјакски
Кизимен
Толбачик



Јапонија е сместена долж огнениот пацифички огнен прстен . Таа често е погодена од силни природни катастрофи. Поголеми вулкани во Јапонија се

  • Фуџи или „Фуџијама
  •  Ацо (најголемиот активен вулкан во Јапонија)
  •  Сакурајима
  •  Кикаи
  • Акан вулкан 
  • Азума
  • Хаконе вулкан 
  • Планине Енива 
  • Унзен
  • Агунг, Бајта Шан или (Чангбај Шан) или Пекту
  • Асама
  • Тори шима

ФИЛИПИНИ
  • Тал
  • Мајон 
  • Минатубо
  • Канлаон
  • Раганг
ИНДОНЕЗИЈА
  • Кракатау
  • Тамбора 
  • Мерапи

Нов Зеланд
  • Руапеху 
  • Таупо
  • Руапеху
  • Окатаина

Папуа Нова Гвинеја
  • Улавун 
  • Багана вулкан
  • Бам
  • Манам
  • Каркар
  • Рабаул




Friday, November 30, 2018

Најголемите Хималајски езера

На Химелаите има стотици езера повеќето со надморска висина под 5.000 метри. Најголемо езеро на Химелаите е езерото Пангонг Цо
Вкупната површина на езеро изнесува 699.2 км/2. Езерото Пангонг Цо (во превод високо планинско езеро) се наоѓа на 4.350 м надморска височина, долго е 134 км  и околу 5 км широко. 
Ова езерот се наоѓа помеѓу Индија и Кина. Преку зимата езерото во целост замрзнува, и покрај соленaта вода. Ова е прво прекугранично езеро во Јужна Азија заштитено со конвенција.  За дел од езерото имаат спор Индија и Кина на која држава припаѓа. Езерото е богато со голем број животински врсти . И покрај тешкиот терен езерото е предмет на интерес на голем број туристи.

Второт најголемо езеро на Хинмеалите е Јамдрок . Ова езеро е слатководно и се наоѓа на Тибетската висорамнина. Должината на ова езеро изнесува над 72 км . Езерото е опколено со снежни планини, со вода се снабдува преку голем број потоци. Јамдорк (Јамџо , Јацо) Околу 90 км западно од езерото се наоѓа тибетскиот град  Гијанс, а Ласа е 100 км североисточно. Според локалната митологија  Yamdok е трансформација на божица. Хидроцентралата Јамдрок била завршена 1996 година во близина на малото село Баиди на западниот крај на езереото. Оваа централа е најголема во Тибет

Мапам Јумцо е езеро лоцирано на Тибетанската висорамнина. Езерото се наоѓа во автономниот регион на Кина Тибет. Езерото се наоѓа на 950 км северозападно од Ласа. Во близината на самото езеро има топли извори .Мапам Јамо  се наоѓа на надморска висина од  4557 м и е едно од највисоките езера во светот. Езерото зафаќа површина од 520 км/2. далбочината достигнува до 82 метри. Во зима езерото е во целост замрзнато. Западно од ова езеро се наоѓа уште едно езеро  Ланго Тцо. Овие езера се поврзани со природен канал

Езерото Рара е најдлабокото и најголемото Непалско слатководно езеро на Химелаите. Езерото лежи на надморска висина од 2.990 метри. Рара езерото има површина од  10,8 км/2, максимална длабочина од  167 м.
 Езерото е опкружено со бор и смерка  во националниот парк Рара. Погледот од езерото кон врвовите на Химелаите ги привлекува големиот број туристи .

Моксундо е едно од планинските езера на Химеалите. Езерото се наоѓа во рамките на националниот парк Ши-Поксундо на надморска висина од 3612 м. Површина 320 км/2

Езеро Тилихо се наоѓа во областа Манонг во Непал. Ова мало езеро зафаќа површина од 4.8 км/2 . Планинско езеро Талихо  на надморсдка висина 4.919 метри. Во езерото не е регистриран воден организам.

Манасаровар езеро



Госајкунда


Friday, November 2, 2018

Вулкан корјакски

Вулканот Корјакски е активен вулкан на полуостровот Камчатка, Русија.  Се наоѓа во близина на главниот центар во камчатскиот крај Петропавловски  камчатски. Заедно со соседниот вулкан Авачински, тој е прогласен за декаден вулкан.
Корјакски се наоѓа на Тихиот океан во точката каде Тихоокеанската плоча доаѓа во допир со Евроазиската плоча. Вуклканот веројатно бил активен дестеици илјади години.

Friday, November 24, 2017

Најголемото нафтено поле во светот


Најголемото нафтено поле во светот се вика Гавер (Ghawer) се наоѓа во Саудиска Арабија.

Должината на ова поле изнесува 280 км и со ширина од 30 км преставува најголемото нафтено поле во светот.
Од ова поле се црпи повеќе од половината од вкупното производство на нафта во Саудиска Арабија


Thursday, April 28, 2016

Долината на Гејзерите

Долината на гејзерите - Камчатка Русија. Откриена е во 1941 година, долината на гејзерите на полуостровот Камчатка е едно од најголемите полиња на земјата и најголемо во Евро-Азија. Целата долина е уште едно спектакуларно чудо на природата, поради што како дел од вулканите на Камчатка е прогласено за светско културно наследство. Во долината се наоѓаат  90 гејзери, во главно сместени на левата страна од реката Гејсернаје.  Температурата на гејзерите достигнува и до 250 степени целзјусови. 20 големи и 60 мали гејзери периодично исфрлаат вода (понекогаш пареа) во воздухот како мали природни фонтани, а температурата на оваља вода во просек изнесува околу 95 степени Ц. Покрај природните фонтани, долината е позната и по егзотичните палети на бои кои ја создаваат вулканската глина. Во ова непристапно подрачје може да се дојде само со хилихоптер. Местото е откриено од страна на истражувачот  Татјана Устинова во 1941 година


Saturday, April 2, 2016

Аралско езеро

Аралското езеро се наоѓа во југозападните делови на средна Азија. Се наоѓа на надморска височина од 52 метри и од соседното Касписко езеро е за 80 повисоко. Ова езеро е солено и преставува остаток од некогашниот океан Тетис. Аралското езеро територијално е поделено помеѓу Казахстан и Узбекистан. Езерото во минатото била многу поголемо, во последниве 50 година површината е многу намалена. Со вода го снабдуваат реките Аму Дарја  и Сир Дарја. Во 1994 година постигнат е договор помеѓу Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан за спас на езерото, во договорот меѓу другот е предвидено секоја земја годишно да издвојува 1 % од својот буџет за спас на езерото, како и да се намали искористувањето реките Аму Дарја и Сир Дарја. Но наместо да имаме позитивнен исход состојбата станува се полоша, езерото се повеќе се повлекува а на негово место се шири пустина. Во 2005 година се превзема некои нови конкретни чекори со цел спас на езерото на северниот дел од езерото во делот на Казхстан.  Овие иницијативни мерки донесоа зголемување на нивото на водата.


Tuesday, March 22, 2016

Тианзи планини

Тианзи планини се дел од националниот парк во Кина, од 1992 година се наоѓа под заштита на унеско како дел од светското природно богатство, овој простор има исклучително посебни предели и пејсажи . Тианзи на локален дијалект значи "Син Рај". Националниот парк се простира на 67 км/2 и го сочинуваат повеќе од 3100 кемени столбови од кои некои се високи и повеќе стотини метри. Овие планини настанале од кварцни карпи пред 400 милиони години. 


Во текот на последните 2 милиони години подрачјето било изложено на тектонски поместувања неизменично кревање и спуштање на земјината кора. За тоа време водата со процесот на денудација го преобликувала релјефот. Оваа природна убавина била искористена во снимањето на многу документарни серии а во поново време тука режисерот Џејмс Камерун  за планетата Пандора и другите потреби на филмот Аватар режисерот ги искористил овие планини за снимање на овој филм .




Monday, August 31, 2015

Најголемата пустина во Азија

Гоби е најголемата пустина во Азија, а името го добила од монголскиот збор за пустина. Пустина зафаќа делови од северна Кина и јужна Монголија. Вкупна површина на пустината изнесува 1.295.000км/2  Од северната страна преминува во степа западно се шири до Алтај, а на југ се граничи со планините Килијан-Шан, кој го образуваат северниот раб на Тибетската висорамнина. Релјефот е разновиден од карпести масиви до широки долини и рамнини, мал дел од Гоби е покриен со песок за разлика од Такла Макан со која се спојува на запад. 

Wednesday, August 26, 2015

Сокотра

Сокотра е мал архипелаг составен од 4 острови во Индискиот океан. Се наоѓа на 240 км источно од рогот на Африка и 380 км од Арапскиот полуостров. Сокотра  е многу изолиран една третина од животинскиот ирастителниот свет кој ги има тука се ендемични. Многупати е опишан како највонземјанското место на земјата.Сократ припаѓа на Република Јемен.Климата е тропска пустинска и полупустинска. Просечна годишна температура е над 18 степени. Островот се одликува со најбогат биодиверзитет на арапското море.Долгата геолошка изолација и неподносливата жештина и суша се усогласиле создавајќи единствена спектакуларна ендемска форма. Една од највпечатливите растенија на Сокотра е змејското крваво дрво Dracaena Cinnabri има чудесен облик и изглед како отворен чадор. Лачи темно црвена боја што потсетува на крвта на змејовите од приказните.Други ендемични видови се гиганското дрво Dorstenia Gigas и ретката калина punika protopunika. Островот е признат како светко природно наследство од УНЕСКО во
2008 година

Повеќе

Saturday, August 22, 2015

Најдлабокото езеро во светот

Бајкалското езеро е најдлабокото езеро во светот 1620 м и пореставува криптодепресија. Се наоѓа во јужниот дел на Сибир. Површината на ова езеро изнесува 31.500 км/2, има зидолжена форма со должина од 626 км и широчина од 79 км најголема широчина. Ова езеро е опкружено со високи планини до 2000 м. Од 2700 видови на риби кои живеат во ова езеро, дури 60 % од нив не постојат никаде во светот, можат да се најдат само тука
Легенда
Постои интересна легенда за ова езеро која вели дека езерот е старец со 336 синови и ќерки, но само едно дете се оделило од нив во вид на река по име Ангара кое истекува од езерото. Строгиот Бајкал сакал својата ќерка да ја омажи за Иркурта а таа се заљубила во Јенисеј и една вечер додека Бајкал спиел , таа побегнала со својот сакан. Кога Бајкал се разбудил и видел дека ја нема неговата ќерка, збеснал и подигнал големи бранови а рибите побегнале на дното на езерото. Дури откинал карпа од езерото и ја фрлил по својата ќерка карпата паднало на грлото на девојката и од нејзините солзи настанало Езерото Ангара. Од тогаш на ова езеро се носат жртви како Бајкал не би се налутил и ја поплавил целата земја. Туристити кои сакаат да го запознаат ова езеро кое има 27 острови треба да пловат еден месец. Постои верување ако сакате повторно да се вратите на Бајкалското езеро, да заврзете карпа на едно од дрвата кои се наожаат над него.

Tuesday, August 11, 2015

Најгоемата туристичка Атракција на Јордан


Петра преставува напуштен град на подрачјето на денешен Јордан а во античкиот период бил главен град на Набатејците. Петра е внесен во Унеско како светско културно наследство, т.е едно од најдобрите културни добра на човештвото.

Денес Петра се смета за едно од најважните знаменитости на блискиот исток, и најголема туристичка атракција на Јордан. Од 2007 е одбран како едно од новите светски чуда.
Петра се наоѓа на пола пат од заливот Акаба према Мртвото море на височина од 800 м до 1350 м на брдкосто подрачје Едома. Благодарение на стратешката поволна положба која била раскрсница помеѓу повеќето каравански патишта кој ги спојувале Египет со Сирија и јужна Арабија со средоземјето, градот во периодот на 5 век пр.не до 3 век од нашата ера било многу важен трговски центар.Петра особено ја котролирал раскрсницата на патот на темјанот. Тој простор на трговскиот пат водел од Јемен долж западниот брег на Арабија, кајПетра се разделувал еден према Газа а другиот према североисток  одел до Дамаск. Покрај поволната географска положба, имал и добро скриена положба меѓу стрмните карпи и зидовина околните брегови, и шпто е посебно важно имало безбедно снабдување со вода

Sunday, August 9, 2015

Најголемиот залив во светот


Бенгалскиот залив преставува најголемиот залив во светот. Вкупна површина на заливот изнесува 2.172.000 km/2
Тој е сместен во североисточната страна на Индискиот океан, се граничи со бреговите на  Индија, Бангладеш, Бурма и Шри Ланка. На запад граничи со полуостровот Индостан, на исток со островската група Андамански и Никобарски острови на север од заливот се наоѓа историската област Бенгал. Во овој залив се влеваат многу големи реки како што се Ганг, Брамапутра, Мегна, Кришна, Годавари,Кавери, Иравади, Маханади.
Најголеми пристаништа се Калкута, Ченај Вишакапатнам  Пондишери во Индија, Читагонг-Бангладеш и други





Saturday, August 8, 2015

Најголемиот полуостров во светот

Арабискиот полуостров се наоѓа во југозападна Азија помеѓу црвеното море , персискиот оманскиот и Аденскиот залив. Зафаќа површина од 3.000.000 км/2 поглемиот дел лежи врз пустини. Арапскиот полуостров ги опфаќа слените држави: Саудиска Арабија, Јемен, Оман, Обединетите Арапски емирати Катар Бахреин и Кувајт. Овој полуопстров содржи најголеми количини на нафта во светот.



Thursday, August 6, 2015

Симболот на Камбоџа


Величествениот  Ангор Ват е хиндуистички комплекс храмови во Ангор-Камбоџа. Ова импресивно  архитектонско дело е богато украсено со декорации својствени за кмесрката архитектура

Храмот бил изграден во чест на кралот Сурјаварман II во 12 век. Комплексот бил наменет за државен храм и бил дел од територијата на главниот град на Кмерското царство. Првично Ангор Ват хиндуистички храм  посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистички храм. Ангор Ват станал симбол на Камбоџа, постанувајќи централен елемент на камбоџиското знаме и главна туристичка атракција 


Највисоката висорамнина во Азија

Тибет се наоѓа на просечна надморска височина од 4.900 м, затоа често се нарекува "кров на светот". Тибетанската висорамнина го опфаќа најголемиот дел од автономниот регион  Тибет како и покраината Ќангхај во Западна Кина како и делови од Индија. Висорамнината е опколена со големи планински венци, годишно бројот на врнежи изнесува 100 до 300 мм и тоа претежно во облик на град. Условите за живот се доста тешки температурата во зима се спушта дури и под - 40 степени, поради тие причини ова е најретко населено места во Азија и трето во светот после Антартик и Северен Грендланд.

Доминантна религија во Тибет е тибетанскиот будизам , но и има и малценство кој припаѓаат на исламската и христијанската религија.

Saturday, June 27, 2015

Најдождливото место

Черапунџи  е град во Индија, се наоѓа на 1484 м надморска височина, познат е како најдождливото место во Азија. Во 1816 година во Черапунџи, кој е сместен во јужните делови на малајските планини, забележана е годишна количина од 20,447 мм. Со тоа Черапунџи се смета за место со најголем број на врнежи кој паднале во текот на годината. После овој податок ниедна земја не можела да го оспори и  да докаже дека има друго место со поголем број врнежи во текот на годината. Сепак после 44 година покасно во истото место е забележан нов рекорд од 26,461,2 мм. Бројката е навистина висока и нејзи можеме да ја споредиме со вкупните количини кој паѓаат во текот на период од 42 години во целиот Пекинг Черапунџи држи светски рекорд по годишна наврнато количина  . Во текот на месецот јули 1861 година паднало  9299,6 мм 

Friday, June 26, 2015

Кракатау

Кракатау бил мал остров во Индонезија кога ја разнела силна вулканска ерупција. Островот бил од вулканско потекло, а експлозијата се случила во 1883 година. Тоа е едне од најпознатите експозии на сите времиња. Ерупцијата го уништил целиот остров, а на тоа места денес е островот Ракатау. Звукот на експлузијата се слишнал доАвстралија,  на оддалеченост од 3500 км. Остров се срушил и претворил во прашина. Во воздухот одлетал околу 19километри  кубни вулкански матријал. Облакот на прашината се дигнал 8 км во височина, а потоа со години кружел околу земјата, предизвикувајќи климатски промени и намалување на летните температури и спектакуларно заогање на сонцето ширум светот.Погинало повеќе од 36 000 луѓе. Ерупцијата само по себе не била толку смртоносна, туку огромните бранови- цунами кој биле повеќе од 40 метра, уништил 163 села покрај бреговите на Јава и Суматра. Вулканот Кракатау настанал со вулканска активност иако вулканот бил пасиевн се до ерупцијата во 1680 година. Појака ерупција од онаа во 1883 година забележана е само кога експлодирал вулканот Тамбора, на индонезискиот остров Сумбави. Таа ерупција во 1815 година исфрлила пет пати повеќе вулкански матријал, ама ерупцијата на Кракатау предизвукала поголемо внимание

Wednesday, June 17, 2015

Кангченѕунга

Кангченsунга е трета највисока планина во светот. Се издига на 8.586 метри надморска височина во пределот на Химелаите наречен Кангчеsунга Химал , која што на запад се граничи со реката Тамур и на исток со реката Теста. Кангченsунга е лоцирана на границата помеѓу Непал и индиската држава Сиким. До 1852 година се претпоставуваше дека Кангченsунга наголемата планина во светот, ама после британското тригонометриско мерење во 1849 година се потврдило дека Монт Еверест - тогаш познат како peak XV  најголема додека Кангчеsунга третапланина во светот после Монт Еверест и K2.
Првото познато искачување се случило 1955 година, Џо Браун и Џoрџ Бенд се искачиле на оваа планина на 25 мај, останатите членови од тимот Норман Харди и Тони Стритер се искачиле следниот ден на 26 мај


Tuesday, June 16, 2015

Курилски острови

Курилски острови преставуваат архипелаг кои го сочинуваат сва паралелни островски гребени, големиот и малиот курилски гребен. Првиот извештај за Курилските острови ги донел рускиот патешественик и истражувач Владимир Атласов. Луѓето повемено, со помал или со поголем успех, се обидуваат да ја скротат силата на исконските природни сили кои господарат со Курилските острови. Како своевиден споменик на скротителите на топлината скриена во јадрата на земјата, во подножјето на вулканот Барански островот Итруп- се наоѓа една од многубројните геотермални станици во Русија