СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, October 31, 2016

Најголемиот корален гребен на светот

Големиот корален гребен е најголемиот корален гребен на светот. Се наоѓа во Коралното море блиску до брегот на Квисланд на североисточниот дел на Австралија. Има должина од  над 2.000 км , а може да се види и од вселената. Големиот корален гребен за прв пат станал познат на Европејците кога истражувачот Џејмс Кук стигнал тука на 11 јуни 1770 год. Најстарите делови на гребенот датираат пред околу 60.000 години. Големиот корален гребен е збир од околу 900 острови и преку 3.000 гребени, кои во главно се наоѓаат на релативно мала оддалеченост од брегот на континентот. Некои научници сметаат дека најголема закана за иднината на големиот корален гребен  е глобалното загревање.


Хидрографија на Србија

Сите реки во Србија припаѓаат на три морски сливови:  Црноморски, Јадрански и Егејси речен слив. 

Црноморски речен слив е најголемиот, зафаќа 92% од речната територија на Србија. Поголеми реки од ово слив се Дунав, Тиса, Сава, Велика Морава, Дрина со  притоките.

Јадрански речен слив завзема 5 % од водената површина на Србија. Го опфаќа западниот дел на Република Косово и Метохија, со реките Бел Дрим која се спојува со Црн Дрим на територијата на Албанија и го сочонуваат Дрим која се влева во Јадранскјото море 

Егејскиот речен слив е најмал завзема само 3 % од водената територија на Србија ги опфаќа сливовите на реките Лепенец, Пчиња, Драговиштица. Преку Вардар во Македонија и Струма Пиринскиот дел од Македонија се влеваат во Егејското море

ВЕЖБИ

.

Friday, October 28, 2016

На денешен ден (28 Октомври)

На денечен ден ( 28 Октомври) 1918 година Чехолосвачка добива независност по распаѓањето на Австро-Унгарија


Thursday, October 27, 2016

На денешен ден 27 Октомври

На денешен ден  (27 Октомври)  1971 година Република Конго-Киншаса станува Република Заир


Wednesday, October 26, 2016

На денешен ден (26 Октомври)

На денешен денНа денешен ден  (26 Октомври) 1825 година е отворен каналот Ири помеѓу реката Хадсон и езерото Ири

Tuesday, October 25, 2016

дали сте знаеле

Дали знаете од колку острови се состои Јапонија.
 Јапонија има 6.852 острови. Но интересно е дека дури 97 % од површината на Јапонија ја завземаат 4 најголеми меѓу нив
 Хокаидо, Шикоку, Хоншу и Кјушу



Вежби за IX одделение

Вежби за 8 одделение

                              ПРОВЕРИ КОЛКУ ЗНАЕШ  - ЕВРОПА ВЕЖБИ

Вежби за 7 одделение

Провери колку знаеш


  • Природни и антропогени елементи на животната средина
  • Заштита на воздухот од загадување
  • Заштита на земјиштето од деградација
  • Заштита на растителниот и животинскиот свет
  • Заштита и самозаштита од природните и антропогените непогоди


Провери колку знаеш 6 одделение

Провери колку знаеш

На денешен ден 25 Октомври


На денешен ден во 2010 година Вулканор Мерапи во централна Јава, започнува ерупција која трае повеќе од еден месец



Monday, October 24, 2016

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле
Дали сте знаеле дека звукот што го произведуваaт Викторијините водопади во Зимбабве е толку силен што се слуша на далечина од 60 км

Азорски острови

Азорски острови се португалски острови, лоцирани во северните делови на Атланскиот океан,  оддалечени околу 1500 км западно од брегот на Европа т.е копнениот дел на Португалија. Азорските острови се истовремено и покраина на Португалија, а нејзин најголем град и  центар, Понте Делгада е управно седиште на покраината. Во оваа територија се издвојуваат девет значајни острови. На запад се Флорес и Корово, во средината се Грасиоза, Теркеира, Сао Жорге, Пико и Фајел, додека Сао Мигел и Санта Марија се на исток


Tuesday, October 11, 2016

Среќен празник

Среќен 11 Октомври, Ден на народното востание на Македонскиот народ  

Wednesday, October 5, 2016

Втората најголема река во Европа


Луѓето од најстерите времиња ги населувале областите во близина на реката Дунав.
Тоа го потврдуваат бројните  археолошки населби кои се лоцирани бо близина на реката Дунав.
Дунав според количината на водата преставува голем туртистички и сообраќаен поттенцијал на Европскиот континент.
Реката Дунав настанува со спојување на две реки, Брега и Бригиха на Шварцвалд во Германија. Со вкупна должина од 2850 км преставува втора најдолга река.
Каналот Рајна-Мајна-Дунав (РМД) ги поврзува Северното море и Атланскиот океан со Црното море. Долг е 171 км, завршен е во 1992 година и многу е значаен за индустријата на подунавските земји  











Monday, October 3, 2016

Северно море

Северно море преставува рабно море што се наоѓа во Северна Европа во Атланскиот океан, сместено помеѓу Велика Британија , Скандинавија, Германија, Холандија, Белгија и Франција. Внатрешно море на европскиот континентален гребен, поврзано е со океан преки каналот Ла Манш на југ, а со Норвешкото на север. Долго е повеќе од 970 километри и 580 километри е широко со вкупна територија од 750 000 км/2

Северното море било седиште на мо
ќните евроспки бродски флоти, како и  главно риболовно подрачјеМорето е омилено одредиште  за рекреација и туризам за пограничните земји и од неодамна се развива како богат извот на енергетски ресурси, меѓу кои фосилоните горива, ветер и рани достигнувања во енергијата на бранови. Историски гледано Северното море било значајно во геополитичките и воените односи, особено во северна европа