СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, December 28, 2018

Квиз прашање 29

Како се нарекува движењето на земјата околу својата замислена оска ?

Квиз прашање бр 28

Како се нарекува кружното движење на земјата околу сонцето ?

Friday, December 21, 2018

Квиз прашање 27

Како се вика провославниот христијански народ што живее во Египет.

Sunday, December 16, 2018

Квиз прашање 26

Во една прилика добивате смс порака од еден ваш роднина со текстот поздрав од најголемото езеро по површина во Африка

На кое езеро пловел вашиот роднина ?

Квиз прашање 25

Кои територии во Африка се богати со нафта ?

Квиз прашање 24

Во кој дел на Африка се населени Банту црнците ?

Квиз прашање 23

Која е најполноводната река во Африка

Квиз прашање 22

Ни сме две реки,
се влеваме во Средоземното море
Јас извирам од езерото Тана а другата река извира од  Викториното езеро
Се спојуваме во близина на градот Картум
Успеваме заедно да ја пробиеме најголемата пустина во светот
Значи ние сме ....

Квиз прашање 21

На својот долг пат трнувам од планините Шварцвалд
Поминувам низ многу градови, а некои од нив се главни градови
Завршувам со голема делта во многу темно море
За мене мојата убавина е доста пишувано, сликано и пеено во многу светски дела
Значи јас сум.... 

Квиз прашање 20

Иако некој ме нарекуваат море упорно им кажувам дека не сум....
Јас сум посебно езеро....
Истовремено се наоѓам на два континента

Погоди кој сум ....

Saturday, December 15, 2018

Квиз прашање 19

Кој истражувач имал голем допринос во откривањето на Африка? 

Квиз прашање 18

Кој е најголемиот залив во Африка ?

Квиз прашање 17

Каде живеат Пигмеите ?

Квиз прашање 16

На својот фејсбук профил еден дечко напишал. Се наоѓам на најголемиот африкански остров лоциран во Индискиот океан. Островот е познат уште и како црвениот остров.
Од престојот тука видов многу интересни нешта бев и во главниот град Антананариво . Посебно внимание ми привлече дрвото баобаб многу интересни животни како што се ламурите и камелеоните. 

Квиз прашање 15

Некој истражувач напишал денеска бев  на "кровот" на Африка а веќе утре патувам на рогот на Африка.
На кои локации одмарал овој истражувач ?

Квиз прашање 14

    На една филмска сцена двајца пловат и го гледаат залезот на сонцето по второто најдлабоко езеро во светот. Езерото е богато со риба и има длабочина од 1470 метри. Езерото територијално се наоѓа во четири држави Танзанија. Демократска Република Конго, Бурунди и ЗамбијаНа кое Африканско езеро пловеле глумците ?



Friday, December 14, 2018

Квиз прашање 13

Стојам покрај брегот на Средоземното море, го гледам во далечина Африканскиот континент Африка од мене преку  протокот е оддалечен 14 километри.
Кој проток не разделува

Wednesday, December 5, 2018

Република Словенија

Словенија го зафаќа северозападниот дел на Балканскиот полуостров. На север се граничи со Асвтрија, на исток со Унгарија, на југ со Хрватска на запад со Италија и Јадранското море. Во овие граници таа зафаќа површина од 20 251 км/2.
Словенија има поволна географска местоположба. Таа е балкански, средоземноморска и средноевропска држава. За поволната географска местоположба на оваа држава придонесува излегувањето на Јадранското море. што има посебно значење на оваа земја. Преку него таа се поврзува по воден пат со многу земји во светот.
Релјефот во Словенија е планински. Во нејзиниот северозападен дел се протегаат источните делови на Алпите. Од нив се одделуваат Караванкитеи Јулискита Алпи. Во источниот дел на Словенија се наоѓаатниските планини Козјак, Похорје, и Славонска Горица, а на запад Трновски Гозд , Нанос и Снежник. Од сите планини најголемо значење имаа Јулиските Алпи. Ти се високи назабени и имаат остри врвови, со стрмни падини и со богата пасишта и шуми. На нив се наожаат и највисокиот врв Триглав ( 2864 м) . Меѓу планините се наоѓаат пространи котлини. Меѓу нив се Љубљанска, Мариборска и Цељска котлина. 
Во Словенија се карактеристични четири климатски типови, и тоа средоземноморска, континентална, умерено континентална и планинска. Средоземноморската е клима застапенана Јадранското приморје, планинската на Алпите, умерено континенталната е во котлините и речните долини, а континенталната во источните делови на дравата. 
Реките во Словенијаприпаѓаат на две морски сливни подрачја: Црноморско и Јадрански слив. Во Црноморскиот речен слив припаѓаат  Сава, Драва и Мура, а во Јадранскиот реката Сочпа.  Овие реки имаат значително хидроенергетска моќ и на нив се изградени повеќе хидроцентрали. Во Словенија има повеќе езера. Меѓу нив се и Бледското и Бохинското. Тие со својата убавина и живописна околина привлекуваатголем број туристи.
Население и стопански одлики

Мнозинството од населението во Словенија  го сочинуваат Словенци над 90 %,. Од другите народи има Италјанци, Австрици, Хрвати и др. Денесна нејзината територија живеат над 2 милиони жители. Главен град е Љубљана.
Словенија е сиромашна со руди, освен со олово-цинкова има и јаглен. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат пченица, јачмен, хмељ, компири грозеј. Во сточарството, на Алпите е застапено одгледување на високомлечни крави. Од индустриските гранки развиени се металната-Љубљана, автомобилската- во Марибор, електротехничката- во Крањ и Велење, хемиската- во Ново место, текстилната- во Мурска Собата и др. Дрвната Индустрија е развиена во повеќе градови, а индустријата за конзеривирана риба во Изола.
Туризмот завзема важно место во стопанството на оваа земја. Тој е најразвиен во Јадранското приморје (Порторож, Пиран и Копер) потоа на Алпите (Планица и Крањеска Гора), на Бледското и Бохињското езеро итн.  Голем број туристи привлекуваат  подземните јами и пештера. Меѓу нив најпозната е Постоинската јама која е една од најубавите во Европа.
Словенија извезува индустриски стоки, а увезува земјоделски производи, нафта и руди. Во надворешната трговија најмногу тргува со Република Македонија, Австрија, Хрватска и други земји.

Вежби: Градови во Словенија кликни    ТУКА