СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, September 25, 2019

Роалд Амунсен


Роалд Амунсен преставува Норвешки истражувач на поларните области. Роалд Амунсен ја предводел антарктичката експедиција во 1900-1912 година,  станал првиот човек кој стигнал на јужниот пол на 14 декември 1911 година.

Во 1926 година, тој бил првиот водач на експедицијата за прелет на северниот пол, со тоа станал првиот човек кои стигнал на двата пола.
Овој истражувач исчезнал во јуни 1928, при потрага и спасување на италјанскиот аеронаутички инжињер Умберто Нобиле.

Sunday, September 22, 2019

Никола Коперник (Хелиоцентричен сиситем)

Послкиот астроном Никола Коперник извршил револуција во астрономијата со тоа што го поставува постулатот дека Земјата и другите тела кружат околу сонцето. Со ова тврдење му се спротиставил  на тезата на  Птоломеј.
Никола Коперник на почетокот се двоумел околу неговото откритие, плашејќи се од критиките што може да ги очекува  од  научните и религиозните авторитети. Иако на почетокот Никола Коперник предизвикал големо внимание околу неговоите теории за хелоцентричноста сепак тие биле  игнорирани и отфрлени. Во 1906 година Галилео направил мал телескоп и се погласно ја придружал теоријата на Никола Коперник дека земјата и другите небесни тела кружат околу сонцето. Никола  Коперник пред неговата смрт го напишал авторското дело  („За движењето на небесните топки")


Friday, September 20, 2019

Огнен прстен

КУРИЛСКИ ОСТРОВИ 

     Се вулкански острови кои се протегаат од Полуостровот Камчатка и островот Хокаидо. Го разделуваат Охотското море од Тихиот океан. Тие се дел од Сахалинската област и припаѓаат на Руската федерација. 
Курилските острови се состојат од 20 поголеми и над 30 помали острови.  На нив има околу 68 надземни и 98 подводни вулкани.  
Сепак 36 се сметаат за активни и потенцијално опасни со проследени со силни ерупции од пепел и чад кои преставуваат сериозна зајкана за воздушниот сообраќај. Дел од вулканите на овие острови
  • Алаид, Ебеко, Чикурачки, Синарка, Карпински вулкан, Креницински вулкан , Немо, Вулкан Креницина, Севергина, Кунтоминтар, Вулкан Екарма, Чиринкотан, Рајкоке, Саричева, Расшуа. Ушишир, Прево, Заварицкого, Вулкан Сноу, Берга, Стокап, Атсонупури, Берутарубе, Вулкан Иван Грозни, Вулкан Головнина, Вулкан Менделеева и други


КАМЧАТКА ПОЛУОСТРОВ  Е ЗЕМЈА НА ВУЛКАНИ

Камчатка е полуостров лоциран во североисточниот дел на Русија. Вулканите се главна атракција на полуостровот. На самото знаме и грбот од регионот е прикажан вулкан што преставува симбол на оваа територија,  постојат голем број сувенири со макети на вулкан.
На камчатка има повеќе од 3020 вулкани од кои активни се помеќу 28 и 36. Вулканите на камчатка се вклучени во Унеско.


Кључевскаја Сопка 
Авачински вулкан  или Вулкан Авача 
Безимен 
Коримскаја Сопка
Шивелуч
Ичинскаја Сопка
Вулкан Кроноски
Корјакски
Кизимен
Толбачик



Јапонија е сместена долж огнениот пацифички огнен прстен . Таа често е погодена од силни природни катастрофи. Поголеми вулкани во Јапонија се

  • Фуџи или „Фуџијама
  •  Ацо (најголемиот активен вулкан во Јапонија)
  •  Сакурајима
  •  Кикаи
  • Акан вулкан 
  • Азума
  • Хаконе вулкан 
  • Планине Енива 
  • Унзен
  • Агунг, Бајта Шан или (Чангбај Шан) или Пекту
  • Асама
  • Тори шима

ФИЛИПИНИ
  • Тал
  • Мајон 
  • Минатубо
  • Канлаон
  • Раганг
ИНДОНЕЗИЈА
  • Кракатау
  • Тамбора 
  • Мерапи

Нов Зеланд
  • Руапеху 
  • Таупо
  • Руапеху
  • Окатаина

Папуа Нова Гвинеја
  • Улавун 
  • Багана вулкан
  • Бам
  • Манам
  • Каркар
  • Рабаул




Thursday, September 19, 2019

Џејмс Кук


Џејмс Кук бил англиски истражувач, морепловец и картограф. Како дел од кралската морнарица во улога на капетан извршил три патешествија во водите на Тихиот океан. 
  Негов најголем допринос е откривањето на источниот брег на Австралија, откривање на Хавајските острови  и првото мапирање на  Њуфаунленд и Нов Зеланд